Македонија
„Талат Џафери казнет за прекршување на Уставот“, велат од партијата Левица
„Амнестиранатиот терорист со поддршка на неговите коалициски партнери СДС и ДПМНЕ, сега технички премиер Талат Џафери, плати парична казна откако Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила прекршување од страна на Џафери на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Уставот на РМ, паралелно извршувајќи две неспоиви функции: парламентарен спикер и член на претседателство на ДУИ“, соопшти партијата Левица.
„Поведената постапка против Џафери е по иницијатива на Правниот сектор на Левица, кој уште во октомври 2022 година поднесе претставка до антикорупциска комисија за утврдување на судир на интереси поради неспоивост на функции кај тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија. Иако Левица побара да му биде наложено на Џафери да си даде оставка од функцијата претседател на Собранието на РМ, сепак антикорупциска комисија, поради очекуваните притисоци и влијание, му изрекла само смешна парична казна на овој насилник и политички узурпатор.
Џафери, во свој стил, со години газеше по Уставот, дрско прекршувајќи ја императивната уставна одредба од чл. 67, ст. 3 од Уставот на РМ, која пропишува дека: „Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“.
Ова е само уште една потврда за корупцијата, своеволието и дрскоста на ДУИ и сега „техничкиот премиер“, а кои цели 23 години се толерирани и поддржувани од СДС и ДПМНЕ во нивното деградирање и рушење на македонската држава и институции.
Левица ги повикува граѓаните на престојните избори да ја поддржат единствената партија која жестоко и со сите средства се спротиставува на канцерот на македонското општество ДУИ и жестоко да ги казнат нивните коалициони партнери и соработници СДС и ДМПНЕ!“, се додава во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

