Македонија
Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се преземаат мерки за големата кашлица, има политички игри кои се поважни од заштита на здравјето на граѓаните

Ковид пандемијата не беше доволна лекција за неспособната власт на СДС и ДУИ која и денес не води сметка за грижата за специјалистичкиот кадар
И денес во Македонија има сериозен недостиг на инфектолози и епидемиолози. И понатаму е мал бројот на овие специјалности
Оттука сосема легитимно се поставуваат прашањата:
1. Дали Клиниката за инфективни болести во Скопје и сите инфективни одделенија ширум државата се подготвени за нова евентуална епидемија?
2. Колку доктори се упатени за специјализација во овие специјалности во последниве неколку години?
3. Зошто не се инвестира ниту во кадарот на вакциналните пунктови, во поликлиниките и генерално кадарот што работи на превентивна здравствена заштита?
Власта единствено затвори одделенија за инфективни болести, а во оние што функционираат ништо или недоволно е инвестирано.
Додека надлежните институции кои навремено не ги преземаа потребните мерки се во длабок зимски сон и без системски мерки и во оваа прилика упатуваме апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, зашто вакцините се безбедни и спасуваат животи, велат во Фејсбук статус од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.