Свет
Бајден сè повеќе огорчен од Нетанјаху, предложи решение за ставање крај на војната во Газа

Американскиот претседател Џо Бајден и јорданскиот крал Абдула вчера разговараа за важноста на стабилноста на Западниот Брег, а Бајден рече дека САД се за шестнеделна пауза во борбите меѓу Израел и Хамас во Газа како отскочна штица за подолг прекин на огнот.
Бајден и јорданскиот крал Абдула, долгогодишни сојузници, се сретнаа вчера во Белата куќа и нивниот разговор опфати голем број предизвици, вклучувајќи ја претстојната израелска копнена офанзива во јужниот дел на Газа и заканата од хуманитарна катастрофа меѓу палестинските цивили.
Бајден, кој покажа зголемено огорченост со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху затоа што не го послушал неговиот совет да направи повеќе за да ги намали жртвите и да ги заштити цивилите во Газа, рече дека Соединетите држави работат со сојузниците во регионот за да се договорат за пауза во борбите за дозволи ослободување заложниците во Газа и го зголеми протокот на хуманитарна помош.
„САД работат на договор за заложници меѓу Израел и Хамас што ќе доведе до непосреден и одржлив период на мир во Газа најмалку шест недели“, рече Бајден на прес-конференција по неговиот состанок со Абдула.
Истакнувајќи дека тој работи на ова прашање „ден и ноќ“, Бајден рече дека шестнеделната пауза во непријателствата ќе обезбеди основа „да се изгради нешто потрајно“. На конференцијата Абдула ја нагласи итноста на маките на Палестинците, особено на повеќе од еден милион цивили кои бараат засолниште во градот Рафах во јужниот дел на Газа.
„Не можеме да стоиме настрана и да дозволиме ова да продолжи. Сега ни треба траен прекин на огнот. Оваа војна мора да заврши“, рече тој.
Средбата дојде откако Бајден стана сè погласен во неговото барање Израел да не започне копнена офанзива во градот Рафах, јужна Газа, без план за заштита на палестинските цивили.
Бајден разговараше со Нетанјаху во неделата, а Белата куќа рече дека тој нагласил дека „воената операција во Рафах не треба да продолжи без веродостоен и остварлив план за обезбедување безбедност и поддршка за повеќе од еден милион луѓе кои се таму“.
Пред да тргне на турнеја низ западните престолнини, Абдула учествуваше во воздушниот транспорт на хуманитарна помош во Газа, потег што ја истакна улогата на неговото кралство во притисокот врз Израел да престане да ги ограничува напорите за борба против болестите и гладот во енклавата.
Тимот на Бајден се обидуваше да преговара за пауза во борбите за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас откако палестинската милитантна група која владее со Газа започна напад во јужен Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.200 луѓе.
Палестинските здравствени власти проценуваат дека во Газа повеќе од 28.000 луѓе биле убиени и речиси 68.000 ранети во израелската офанзива против борците на Хамас. По повеќе од четири месеци војна, голем дел од густо населената енклава е во урнатини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи

Министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, на социјалните мрежи објави дека „од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи, што претставува зголемување од 6 отсто во споредба со истиот период минатата година“.
“Овој позитивен тренд сведочи за одржливиот развој на туристичкиот сектор и за заедничката посветеност на промоцијата на Албанија како гостопримлива и сè поатрактивна дестинација”, напиша Гонџја.
Додава дека од албанските алпи до долгата крајбрежна линија, земјата нуди комплетен туристички пакет за секој тип туристи, а секоја година се шири и мапата на земјите од кои доаѓаат.
“Туристите ја избираат Албанија не само поради нејзините прекрасни плажи и поволната клима, туку и поради нејзините планински предели со импресивни природни пејзажи, антички градови со историска и културна вредност, како и нејзиното гостопримство и традиционална кујна”, оценува тој.
Според него туризмот станал активност што трае цела година и не само што генерира значителни приходи за економијата, туку ја промовира Албанија како дестинација што е посетувана во текот на цела година.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи, што, посочува Гонџа, ќе бидат остварени.
Свет
Во експлозија на фабрика во Русија загинаа три жени

Три жени загинаа во експлозија што се случи вчера во фабриката „Авангард“ во градот Стерлитамак во Република Башкортостан во југозападна Русија, изјави денеска гувернерот Радиј Хабиров.
-За жал, загинаа три лица, сите жени. Меѓу нив беше и млада жена родена во 2002 година. Две жени оставија зад себе деца. Компанијата ќе ја обезбеди потребната поддршка, а ќе биде исплатена и отштета. Изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите, објави Хабиров на социјалните мрежи.
Уште пет лица се хоспитализирани – две со сериозни повреди и три со умерени, но гувернерот потврди дека нивните животи не се во опасност.
Хабиров рече дека една од зградите е уништена во експлозијата и потврди дека немало напад со дрон.
Свет
Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната

Им веруваме на САД, веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција по средбата со американскиот шеф на државата во Белата куќа.
Зеленски ја опиша средбата со Трамп како продуктивна.
Украинскиот лидер одби да даде каква било изјава во врска со потенцијалната испорака на ракети „Томахавк“ од САД во Украина.
„Разговаравме и за ракети со долг дострел и нема да давам никакви изјави за ова прашање. Решивме да не зборуваме за ова бидејќи САД не сакаат ескалација“, објасни Зеленски.
Кога беше прашан дали има оптимизам во врска со добивањето на ракети „Томахавк“, Зеленски одговори дека гледа на работите реално. Украинскиот лидер го изрази своето мислење дека Русија се плаши од ракетите „Томахавк“ бидејќи знае што можат да постигнат со нив, во комбинација со другите системи за оружје на Украина.
Украинскиот претседател рече дека тој и Трамп разговарале за прашања поврзани со системите за воздушна одбрана. Зеленски посочи дека не разговарал со Трамп за украинските напади врз руските енергетски објекти.
Зеленски, исто така, рече дека по средбата со Трамп, разговарал со стратешките партнери на Украина.
Украинските медиуми објавија дека по средбата со Трамп, украинскиот претседател разговарал со европските лидери.