Забава
Вино и љубов: помеѓу Свети Трифун и Свети Валентин
Четиринаесетти февруари на некој начин ги обединува христијаните – православните верници го слават свети Трифун, а римокатолиците овој ден го поврзуваат со свети Валентин.
Според преданието, свети Трифун е роден во селото Кампсади во Фригија во сиромашно семејство и бил многу благочестив уште од најраното детство.
Како дете времето го поминувал во чување гуски, а од Бога добил „дар на чудотворство и исцелување“, па во текот на својот живот исцелил многу болни, од многу луѓе избркал демони и им помагал на оние што му се обраќале за помош.
Се прославил така што ја излекувал ќерката на римскиот император Гордиј, по име Гордијана, од ментална болест, за што царот огромно го наградил.
Трифун им го поделил целото богатство на сиромашните и продолжи да ги чува гуските. Бил погубен за време на царот Декиј, прогонителот на христијаните, затоа што не сакал да се откаже од својата вера. Погребан е во родното место.
Денеска свети Трифун го слават еснафите, лозарите. Се верува дека тој е чувар на растенијата и дека на 14 февруари природата почнува да се буди од зимскиот сон со будењето на љубовта кај луѓето.
Свети Валентин бил епископ и маченик, кој живеел во 3 век.
Бил погубен со обезглавување во 269 година за време на владеењето на римскиот император Клавдиј II. Царот Јулиј I изградил базилика над неговиот гроб во IV век, а во 15 век овој светител се поврзувал со празникот на вљубените – Денот на вљубените, кој се одржува до денес.
До 1969 година Римокатоличката црква го прославуваше 14 февруари како Ден на свети Валентин. Но, тој датум е избришан од католичкиот календар поради желбата да се намали бројот на светите денови за оние светци за кои немало историски факти за поврзаност на одреден ден и светец.
И покрај тоа, прославата на Денот на вљубените стана и останува популарна и кај православните и кај римокатолиците, што е поврзано и со бумот на потрошувачкото општество.
Се верува дека на тој ден во светот се продаваат најмалку десет милиони производи, кои се сметаат за симбол на љубовта, како честитки, цвеќиња, парфеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

