Црна хроника
Возеле брзо, без дозвола и под дејство на алкохол – над 150 возачи казнети вчера во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, 13 мерки за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнати деца во Центар и Аеродром, полицијата работи на случаите
Во полицијата во Скопје биле пријавени два одделни инцидента на физички напади врз малолетни лица што се случиле во петокот, 31 октомври.
Во првиот случај, 36-годишна скопјанка пријавила дека околу 18:30 часот, на подрачјето на општина Центар, нејзиниот 15-годишен син и 14-годишната ќерка биле физички нападнати од непознат маж.
Неколку часа подоцна, во 21 часот, во полицијата се обратила и 57-годишна жена од Скопје, која пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка била нападната околу 15 часот во општина Аеродром од три малолетнички што ги познавала, од кои едната користела тврд предмет.
За вториот случај е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување и на двата инцидента.
Црна хроника
Приведен скопјанец по тепачка во Кисела Вода, имал 1,85 промили алкохол во крвта
Полицијата приведе 40-годишен маж од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир во скопската општина Кисела Вода.
Инцидентот се случил синоќа, околу 00:10 часот, кога В.Т. се физички пресметал со 39-годишниот Г.К. од Вевчани. Полицијата интервенирала на местото на настанот, а при алкотестирање било утврдено дека скопјанецот имал 1,85 промили алкохол во крвта.
Лицето е приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје
22-годишна жена од општина Росоман, која живее во Скопје, пријавила во полиција дека била физички нападната од својот вонбрачен партнер.
Инцидентот се случил на 31 октомври околу 13 часот во семејниот дом во скопската општина Шуто Оризари. Според пријавата, младиот маж, исто така на 22 години, ја нападнал користејќи и тврди предмети.
Жената го пријавила насилството истиот ден, околу 19:50 часот, во СВР Скопје.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

