Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе го острани обезбедувачот на Мицкоски кој нападна полицаец во скопски локал

Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено декаприпадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски учествувал во инцидент во скопски локал синоќа, пришто нападнат бил полицаец.
„Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници.
По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата.
Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник, велат од ВМРО-ДПМНЕ

На Велики Петок, на најтешкиот ден во Христијанството, СДС продолжува со тешки лаги и клевети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС е партија, каде Филипче ја чува фотељата на главниот шеик Заев, додека ги размножува милионите во Дубаи.
СДС да не прави политика од рецидивите на катастрофата која ја оставија“, порачуваат од партијата на власт.
Покачените плати, најавуваат, ќе бидат исплатени во вторник.
Македонија
Кога културното наследство ќе стане бизнис план, тоа веќе не е култура, туку пазар, велат од СДСМ

Министерот за култура, Зоран Љутков, сериозно предложи културното наследство да му се препушти на бизнис секторот. Вредностите што ја раскажуваат нашата историја, кои ја обликуваат нашата колективна меморија и идентитет, да се третираат како деловна зделка. Како имот за експлоатација. Како недвижност, не како духовна вредност, велат од СДСМ.
Според нив, ова не е незнаење. Тоа е опасна идеологија и не смее да помине тивко.
„Културното наследство не е хотел. Не е трговски центар. Не е парче земја за инвестиции. Тоа е ткивото од кое сме составени како народ, како заедница, како држава. Не се мери со профит, туку со значење.
Ако му го препуштиме на пазарот – ќе го изгубиме. Зградите ќе останат, ама ќе нема кој да ја раскаже приказната. Ќе имаме споменици без смисла, и туристички рути без душа.
Господине Љутков, културното наследство не се „оправува“ со ППП(Public-Private Partnership) или со приватен партнер. Се чува со љубов, со знаење, со стручност и со јасна визија“.
Културното наследство, како што додаваат од опозициската партија, не е само трага од минатото, тоа е жива врска што нè поврзува со корените, идентитетот и колективната свест.
„Да го зачуваш значи да ја зачуваш душата на еден народ, неговото право да се памети и да постои.
Ние имаме обврска културното наследство да го одржуваме негуваме и да им го предадеме на идните генерации. А ако не го разбирате тоа – време е да си заминете.
Македонија
Вработените во културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два дена од следната недела, најави министерството

Министерството за култура и туризам информира дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно со Закон и Колективниот договор.
Причините за доцнењето, според соопштението е заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии.
Претходно денеска Синдикатот реагираше дека се оставени без плата за големиот христијански празник.