Свет
50 земји во Хаг ќе разговараат за израелската окупација на Палестина
Меѓународниот суд на правдата денеска го отвора седумдневното рочиште за правните последици од израелската окупација на Палестина, а меѓу повеќе од 50 земји, САД, Русија, Кина, Словенија и Унгарија ќе ги изнесат своите ставови пред судиите.
Генералното собрание на ОН побара од судот мислење за израелската окупација во 2022 година и судиите сега ќе ги разгледаат „окупацијата, населувањето и анексијата… вклучително и мерките што ќе ја променат демографската структура, карактерот и статусот на Светиот град Ерусалим“.
Израел ги окупираше Западниот Брег, Газа и Источен Ерусалим во војната во 1967 година. Тој се повлече од Газа во 2005 година, но сè уште ги контролира нејзините граници. Од 1967 година тој значително ги проширил населбите на Западниот Брег, кои според Палестинците се закануваат со создавање одржлива палестинска држава.
Тој го анектира Источен Ерусалим, но повеќето земји во светот не ја признаваат анексијата.
Генералното собрание на ОН побара мислење од 15 судии за тоа како овие мерки и практика „влијаат на правниот статус на окупацијата“ и кои се нејзините правни последици за сите земји во светот и за Обединетите нации. Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики ќе ја отвори дебатата, а потоа ќе следат повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги САД, Кина, Русија, Јужна Африка и Египет. На листата се и Словенија и Унгарија.
Израел нема да се појави пред судот и веќе достави писмени коментари. Во претходните дискусии тие ги игнорираа мислењата на судот, но сега се под политички притисок поради војната во окупираниот палестински Појас Газа, каде од почетокот на израелските воени операции на 7 октомври беа убиени околу 29 илјади Палестинци.
Светската јавност будно ќе ја следи дебатата пред судот на ОН, особено во поглед на најавената израелска офанзива на градот Рафах, на границата меѓу Газа и Египет, каде што повеќе од милион Палестинци се засолниле пред израелските воени операции.
Генералното собрание на ОН по втор пат бара судско мислење за израелската окупација. Во 2004 година, судот заклучи дека Израел го прекршил меѓународното право со изградбата на ѕидот на Западниот Брег и дека тој мора да биде урнат. Тел Авив не го исполни ова барање.
Овонеделните рочишта не се поврзани со тврдењето за геноцид врз Палестинците што Јужна Африка го изнесе пред судот против Израел. Судот на крајот на јануари побара од Израел да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот во Газа.
Мислењето на судот нема да биде правно обврзувачко, но ќе има „голема правна тежина и морален авторитет“, забележа судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

