Свет
Жена во Австралија со години спиела покрај телото на починатиот брат

Жена во своите седумдесетти години спиела покрај мртовото тело на својот брат во куќа во богатото предградие Џилонг, југозападно од Мелбурн. На 29 декември 2022 година полицијата отишла да ја провери состојбата на нејзиниот брат, но кога пристигнала во куќата, наишла на застрашувачка сцена – машки труп и куќа полна со стаорци и ѓубре.
За да стигнат до телото, форензичарите морале во заштитни костуми да минат низ ѓубре од подот до таванот, стаорци и човечки измет. Властите проценуваат дека жената спиела покрај трупот меѓу две и пет години.
Имено, соседите се жалеле до локалните власти за смрдеата што со години доаѓала од куќата, но ништо не било преземено. Соседите мислеле дека непријатниот мирис доаѓа од ѓубрето.
„Имаше постојана смрдеа, но мислевме дека е ѓубре. Ролетните секогаш беа спуштени. Натстрешницата беше полна со ѓубре. Секаде можеше да се видат стаорци. Беше одвратно“, раскажуваат.
Полицијата, всушност, дошла да провери во каква состојба е братот кого никој не го видел од 2018 година, а потоа при претресот го пронашла неговото тело. Постарата жена подоцна била ослободена без обвинение. Судскиот лекар сè уште ја истражува причината за смртта на мажот. Имотот сега е празен веќе една година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.