Македонија
Обединетата македонска дијаспора повика на обединување на македонскиот народ преку семакедонска национална коалиција
Координативното тело на Македонците во согласност со Обединета Македонска Дијаспора објави апел за обединување на македонскиот народ и креирање на граѓанска алијанса за национална координација.
Во прилог нивниот апел во целост:
„Водени од својата неизмерна љубов и почит кон својата татковина, инспирирани од досегашната стагнација во последните децении, исправени пред одговорноста за зачувување на македонските национални вредности и пренесување на идните генерации, а во согласност со предасномските уставно-правни традиции, на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ, на Референдумот за независност од 1991 година, како и почитување на волјата на макеоднскиот народ за непромена на името на државата Македонија на Референдумот од 2018 година, потврдена со Одлуката на ДИК, се донесува следниов Меморандум за Обединување и сплотување на македонскиот народ.
Натпартиско обединување на Македонците околу зачувувањето на името, jазикот, идентитетот, нацијата, прикажување на националната истражувачка историја и научната вистина од Македонија, возвраќање на моралот и вредностите, воспоставување на правна држава;
Поддржување и создавање на повеќепартиска македонска коалиција „Семакедонска национална коалиција” во која сите граѓански и политички партии, вклучувајќи ги и тие партии кои се дефинирани како етнички, на таа коалиција ќе ги дефинираат или потпишат основните постулати на македонската државност и ќе ги дефинираат идните чекори за стабилизација и зачувување на Македонија со своите уставни определби, регулативни и сервисни тела на државата.
Оваа коалиција не припаѓа на ниту една политичка партија или граѓанска организација или претставници на истите. Доколку граѓанските организации или политички партии, не припаѓаат на оваа коалиција, вклучувајќи ги и партиите дефинирани како етнички, а сакаат да бидат дел од креацијата на национални политики на Македонија, ќе биде повикано целото членство за бојкот на нивните активности во било која од извршната, законодавната или судската власт. Оние претставници кои не се потписници и нема да ги вметнат одредбите на семакедонската алијанса во нивната агенда или статут, ќе се смета за нелојален политички претставник и целосно изолиран од одлучување за националните македонски прашања кои ќе бидат дефинирани од страна на алијансата.
Ургентно креирање на поволен граѓански амбиент за успешна и детална координација за специфицирање на билатералните и мултилатерални договори склучени од сите досегашни влади и барање начини за нивно имплементирање или отфрлање имајќи ја во предвид државноста и вољата на македонскиот народ.
Институционално втемелување на македонската дијаспора во државата, како еден од примарните столбови на било која идна македонска влада и креирање алатки за мапирање на дијаспората.
Нашето лично и македонско национално достоинство, нашата совест и свест ни налагаат во овие тешки историски времиња да се оградиме како Македонци од било кој чинител, начин и метод што ја повредуваат државноста и представуваат географска поделеност и закана за културно и етничко сплотување на теориторијата Македонија.
Нашите заложби остануваат недвосмислено во борбата за Македонија и Македонците.
19 февруари 2024 година
Вашингтон, Женева, Сиднеј, Канбера, Лондон, Брисел, Љублана, Мелбурн, Њујорк, Скопје, Малмо, Куритиба,Торонто
Организации во светот:
Координативно Тело на Македонците во Европа и светот
Обединета Македонска Дијаспора
Светски Македонски Конгрес од Канада и Лондон
Совет на Македонските Општини од Австралија
Македонска Радио Програма ЗЗЗ од Мелбурн
Обединети Македонци од Канада
Македонска Заедница Обединето Кралство
Здружение Цар Самоил од Белгија
Македонско-финско здружение од Финска
Асоциација Француско македонска средба -Рефрама од Женева“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите
Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе.
Мајките кои ги изгубија своите деца зборуваа пред судот за болката што не минува, за неправдата што ја чувствуваат и за срамот што, како што велат, го носат адвокатите кои ги бранат обвинетите.
„Со тоа што ги бранат обвинетите, повторно ги убија нашите деца“
Светлана Стојанова, мајка на Андреј Стојанов, со скршен глас рече: „Голем срам за адвокатите кои ги бранат обвинетите. Немаат чувства во оваа трагедија каде ни ги убија децата. Дали имаат они деца, и дали така би постапиле на наше место? Не посакувам на никој да е на наше место, да ја почувствува оваа болка со непроспиени ноќи и денови. Ги чекаме нашите деца секој момент да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче’? Со тоа што ги бранат обвинетите, повторно ги убија нашите деца, а со тоа не убиваат и нас. Во име на парата и корупцијата, згаснаа млади животи.“
Таа додава дека сите деца кои загинале биле воспитани, талентирани, културни, деца кои никогаш не би направиле зло.
„Отидоа на концерт да се забавуваат, не отидоа да ги убијат. Сите сме од скромни семејства со минимални плати, и успеавме да ги школуваме, сите талентирани. Мојот син беше и крводарител, програмер, задоволен од животот кога застана на свои нозе. Среќен што успеа. Нека го слушнат крикот на мајките и нека се замислат што прават и како ќе ги бранат обвинетите.“
„Мојот син дојде од Скопје за концертот, а јас бев во Турција, не го видов за последен пат“
Својата болка ја сподели и мајката на Андреј Лазаров, млад фудбалер кој дошол од Скопје само за да присуствува на концертот.
„Мојот син дојде од Скопје само да присуствува на концертот, беше фудбалер, Андреј Лазаров. Си дојде во 9.30 вечерта, јас бев во Турција на екскурзија и не можев ни да го видам, толку беше. Дошол, а јас не го видов“, рече таа.
Мајката зборуваше за сите семејства кои ја носат истата болка.
„Сите семејства на децата што загинаа, како нашите, сите се со истата болка. Преубави деца, талентирани деца. Нека се чукнат тие во глава што беа седнати на тие столчиња и ги бранеа обвинетите, нека се замислат дали имаат деца. Со кои пари ќе се вратат дома? Унаказени сме за цел живот“, рече таа.
Додека судењето влегува во првата фаза од постапката, семејствата велат дека за нив секој ден е нов суд, нова битка и нова надеж дека правдата ќе ја најде вистинската тежина. За нив, ова не е само процес, туку барање за одговорност и човечка реакција во трагедијата која ги скрши нивните животи.
Македонија
Општина Чаир: Започнува опремувањето на општинските училишта со нов инвентар
Општина Чаир денес презеде значаен чекор кон подобрувањето на условите во основните училишта на општината. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија“, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, Теута Идризи. Посетата се реализираше по повод доставувањето на новиот инвентар, кој веќе е распределен во училиштето, информираат од оваа општина.
„ОУ „Лирија“ е опремено со 200 модерни клупи и 400 ергономски столчиња, кои се прилагодуваат според возраста и висината на учениците, создавајќи покомфорни услови и пофункционална средина за одвивање на наставниот процес. Истата донација е реализирана и во Основното училиште „Хасан Приштина“, при што во двете училишта ќе се уредат вкупно по шест наставни кабинети со нов инвентар“.
Целта на Општина Чаир како што нагласуваат е во рок од една година сите основни училишта да бидат опремени со нови клупи и столчиња од овој стандард, со што значително ќе се унапредат условите во училишната средина и стандардите на наставата.
Македонија
Венко Филипче да не глуми чесен кога целиот е со лузни од здравството кое го упропасти и украде, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Денешната прес-конференција на Венко Филипче е срамен обид да ги затскрие своите криминали и коруптивни методи кои ги правеше додека беше министер за здравство, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини.
Наместо да го продолжи и олесни животот на болните од ковид, тој потпишуваше анекси на договори за модуларната болница во која изгореа живи 14 наши сограѓани.
Поради неговите лоши здравствени политики починаа близу 10.000 луѓе во ковид пандемијатa“.
Филипче, додаваат од владејачката партија е човек со дамки и лузни, кои ќе ги носи целиот живот.
„И сите знаат за ова, само неговото и на Заев обвинителството, предметите ги чуваат во фиока.
Затоа, Венко Филипче треба да одговара, затоа, правда мора да има“.

