Свет
Гром погоди четири лица во близина на операта во Сиднеј
Четири лица во Австралија се пренесени вчера во болница кога гром ги удрил во близина на операта во Сиднеј, соопштија локалните власти. За време на силна бура, четири лица се скриле под дрво во близина на познатата знаменитост и биле погодени од гром.
Доминик Вонг од Службата за брза помош во Нов Јужен Велс изјави за новинарите дека жртвите претрпеле изгореници и некои проблеми со срцето по инцидентот во ботаничката градина во Сиднеј.
„Сите накратко изгубија свест. Во случај на бура не е добро да се бара засолниште под дрво“, рекол Вонг.
Двајца мажи и две жени, по ударот на гром, биле пренесени во болница, каде што им била укажана прва помош. Властите велат дека тие добиле сериозни повреди, но се во стабилна состојба.
Сиднеј вчера го зафати силно невреме со грмотевици, кое остави без струја повеќе од 10.000 домаќинства и бизниси. Претходно денеска, властите ја затворија главната писта на аеродромот во Сиднеј на 20-ина минути откога гром удри во асфалтот и создаде дупка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Хеликоптер ги извлекува пожарникарите од надојдената вода: драматична снимка од Чешка
Чешки „Блеск“ објави драматично видео од четворица доброволци пожарникари од Крнов.
Тие отишле да им помогнат на жителите погодени од поплавите, но и самите заглавиле во поројот.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024
На објавеното видео се гледа како хеликоптер ги извлекува пожарникарите, чие возило е целосно опколено со вода.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.
Свет
Трамп ги обвини Бајден и Харис за обидот за атентат: Тие се вистинска закана
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги обвини сегашниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за вториот обид за атентат во неговиот голф клуб во Флорида.
За време на интервју за Fox News Digital, Трамп рече дека осомничениот верувал во изјавите на Бајден и Харис и постапил според нив. „Тие пукаат во мене поради нивната реторика. Кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат – и одвнатре и однадвор“, рече тој.
Тој алудираше на коментарите на Бајден и Харис дека Трамп е закана за демократијата.
„Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. Бајден и Харис се вистинска закана. Тие користат запаливи изјави. И јас би можел да го сторам тоа, многу подобро од нив, но не го правам тоа“, рече Трамп.