Македонија
„Етикетирањата и навредите на Ковачевски кон медиумите се обид за заплашување на оние што го критикуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Колку поблиску доаѓаат изборите, толку Ковачевски станува понервозен и па дури и параноичен. До сега му сметаше ВМРО-ДПМНЕ, сега му сметаат медиумите, а како што тргнало ќе му сметаат и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изјавата на Ковачевски со која ги навредува и обвинува медиумите дека се продале, е во најмала рака безобразна. Тоа го докажува неговото недемократско лице и неговата омраза кон секој оној кој ја критикува работата на неговата влада. Но тоа не е се.
Во скандалозните изјави на Ковачевски има и заканувачки контекст кон медиумите и медиумските работници. Израз од типот “ќе квицкаат по подруми“ не може да се толкува освен како обид да им се прати закана на медиумите, а во исто време и да ја покаже потсвеста на тој кој ја изговорил.
Искрено сме загрижени дека ова не е лапсус, туку сериозен говор на омраза од страна на Ковачевски упатен кон голем број медиуми, затоа што не му е прв пат. Пред една година истиот Ковачевски етикетираше национални телевизии и правеше несоодветни компарации изговарани од прес центарот на Влада. Да потсетиме тогаш Ковачевски велеше:
-“Во државата има медиум, чија што уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“.
Што е ова ако не закана, заплашување, етикетирање на медиуми и поделба на подобни и неподобни. Ковачевски кому устата му е полна со Европски вредности, всушност е полн со омраза, фрустрации и комплекси. Ова е обид да се заплашат медиумите и на тој начин да се угуши слободата на говор и критика. Му порачуваме ако не може да се носи со критиката на функцијата која ја извршува, нека си замине, наместо да сее закани и навреди кон медиумите.
Ако не сака сам, тогаш граѓаните тоа ќе го направат на следните избори. Никогаш не било полошо како сега со власта на СДС и ДУИ. Затоа важно е да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.