Свет
„Сите се добри и силни“ – Трамп за потенцијалните кандидати за потпретседател на САД
Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска ги откри имињата на оние кои би можеле да се кандидираат за функцијата потпретседател на САД доколку победи на изборите во ноември.
Меѓу кандидатите беа и неговите поранешни противници – бизнисменот Вивек Рамасвами и гувернерот на Флорида Рон Де Сантис.
„Дали се во вашиот потесен избор гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, сенаторот Тим Скот од Јужна Каролина, претприемачот Вивек Рамасвами, гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, конгресменот Бајрон Доналдс од Флорида и поранешната конгресменка Тулси Габард од Хаваи“, го праша Трамп водителот на Фокс, на што тој одговори дека се.
„Искрено, сите овие луѓе се добри. Сите се добри, сите се силни“ рече Трамп.
Претседателските избори во Соединетите Американски Држави се закажани за 7 ноември годинава, а се очекува Американците повторно да избираат меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и актуелниот претседател Џо Бајден.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Трамп во моментов е во благо водство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.
Свет
Трамп ги обвини Бајден и Харис за обидот за атентат: Тие се вистинска закана
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги обвини сегашниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за вториот обид за атентат во неговиот голф клуб во Флорида.
За време на интервју за Fox News Digital, Трамп рече дека осомничениот верувал во изјавите на Бајден и Харис и постапил според нив. „Тие пукаат во мене поради нивната реторика. Кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат – и одвнатре и однадвор“, рече тој.
Тој алудираше на коментарите на Бајден и Харис дека Трамп е закана за демократијата.
„Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. Бајден и Харис се вистинска закана. Тие користат запаливи изјави. И јас би можел да го сторам тоа, многу подобро од нив, но не го правам тоа“, рече Трамп.
Европа
Бурата „Борис“ ќе се пресели во Италија
Обилни врнежи утре се очекуваат и во Австрија, Чешка и југоисточна Германија. Иако може да поминат уште неколку дена до падот на нивото на водата, времето ќе се подобри во централна Европа од средината на неделата. Бурата „Борис“ потоа ќе се префрли на југ во Италија, каде повторно ќе зајакне и ќе донесе силен дожд. Регионот Емилија-Ромања треба да биде најпогоден.
Научниците тврдат дека оваа рекордна количина на врнежи во Централна Европа е предизвикана од голем број фактори, меѓу кои и климатските промени. Различни временски елементи комбинирани за да создадат „совршена бура“ каде што многу студениот воздух од Арктикот се сретна со топлиот воздух од Медитеранот.
Моделот на атмосферскиот притисок значеше и дека бурата Борис долго време беше заглавена на едно место. Научниците велат дека потопла атмосфера задржува повеќе влага, што доведува до поинтензивни врнежи. Потоплите океани, исто така, доведуваат до поголемо испарување, хранејќи ги системите за бура.