Црна хроника
Малолетник нападнат среде улица во Тетово од негов врсник
Малолетник од Тетово синоќа бил нападнат од друг врсник кого го познавал, среде улица.
Насилството се одвивало околу 20.30 часот на улицата Борис Кидрич во Тетово.
„Малолетникот физички бил нападнат од друг малолетник, кого го познавал, а кој бил со уште две други малолетни лица“, објави МВР во дневниот билтен.
Се расчистува и документира случајот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Разбојник заврши во притвор, со пиштол ограбил банка во Скопје
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 13.45 часот го лишиле од слобода М.К. (31) од Скопје осомничен дека на 04.06.2024 во 11.50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари.
Како што соопштија од МВР, извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.
Црна хроника
Кумановец со уцени и закани изнудил 16.000 евра од жена
Во Куманово е приведен 37-годишен маж кој со уцени и закани изнудил 16.000 евра од негова сограѓанка и од нејзиниот сопруг.
Вчера во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Син ја тепал 60-годишната мајка
Пред два дена во 23.00 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ѓ.С.(27) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 60 – годишна мајка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.