Македонија
Почна постапката за собирање потписи за листи на кандидат за претседател на државата

Денеска, почна постапката за собирање потписи за листи на кандидат за претседател на Република Северна Македонија.
Како што соопшти Државната изборна комисија, потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и во канцелариите на ДИК на територијата на Република Северна Македонија.
Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 8 до 20 часот, вклучително и во деновите сабота и недела и за празници.
Постапката за собирање на потписи ќе трае до 8 март до 24 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ФЗОМ размената на податоците по електронски пат ќе ја остварува и со Фондот на Република Српска

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија потпиша договор за електронска размена на податоци со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Српска.
Директорот на Фондот на ПИОСМ, Никола Мемов рече дека со потпишувањето на овој Договор се заокружува регулирањето на размената на податоците од оваа област со државите од поранешна Југославија и претставува чекор напред во соработката што е секако во интерес и на корисниците на услугите на Фондот. Тој додаде дека соработката со Фондот на Република Српска во наредниот период треба да се прошири со размена на други податоци од интерес на двата Фонда, а со што ќе се олесни и забрза процесот на остварувањето на правата од оваа област.
Директорот на Фондот на ПИО на Република Српска, Младен Милиќ, истакна дека потпишувањето на Договорт е заоркужување на еден процес кој треба да придонесе во точноста на податоците кои се користат и разменуваат. Тоа, како што потенцира Милиќ, ќе овозможи да се исклучат можните грешки и да се подигне квалитетот на услугите за осигурениците од двете земји.
Договорот предвидува размена на податоци потребни за редовна исплата на пензија поради спречување на неосновани исплати поради смрт на корисникот на пензија меѓу Фондот на ПИОСМ и Фондот на ПИО на Република Српска. Со него се регулира и целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита.
На средбата беше потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот, од страна на Нехат Мустафа, директор на сектор за информатика и Велибор Максимовиќ, помошник директор за информатичка технологија. Исто така беа назначени и контакт лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива истиот.
Македонија
(Видео) „Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ“, прашува Кузеска

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта? Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен“, прашува Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Од што се плаши Христијан Мицкоски? Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“?
Да ја потсетиме јавноста дека во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски?
Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција?
Постапката за декласификација на овие документи е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста.
Одбивањето на декласификација на овие документи ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единстгвена цел е личното богатење“, соопшти Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Македонија
„Ем шуто, ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и за дефокус на јавното мислење од нивните злодела, недемократско и забегано однесување на власт“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ.
„Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи.
Одговорот е, ем шуто ем боде. Македонија нема да ви прости! Македонија памети и нема да ви заборави“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.