Македонија
Џафери на Шар Планина: Националниот парк нуди одлични можности за туризам
Премиерот Талат Џафери денеска го посети Националниот парк „Шар Планина“ пришто оствари средба со вработените и директорот на Националниот парк, Ибрахим Дехари.
Шар Планина е четвртиот национален парк во државата, а прв прогласен во Македонија.
Со прогласување на Шар Планина за Национален парк, освен што се овозможи правна заштита на ова огромно природно богатство за нашата држава, исто така Северна Македонија ги исполни барањата на двата најзначајни инструменти на ЕУ за заштита на биодиверзитетот.
Националниот парк „Шар Планина“ сега отвора нови можности не само од заштита на природната средина, туки и за социо-економски придобивки. Шар Планина изобилува со културни и традиционални вредности. Во Националниот парк се опфатени 30 села, каде живеат околу 2.000 жители, а со заштитата на планината, се овозможи развој на регионот и подобрување на животот на локалното население.
Премиерот Џафери порача дека Шар Планина нуди можност за развој на новини во туризмот, унапредување на условите за летен и зимски туризам, како и создавање на туристичка содржина која ќе ги обединува потенцијалите на оваа подрачје. Шарпланинскиот регион може да се искористи за нови содржини и туристичка понуда кои би обезбедиле развој на детскиот туризам, медицинскиот туризам, спортскиот туризам и туризмот за повозрасна категорија на граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

