Регион
Опасна дрога доаѓа на Балканот, први случаи на предозирање во Словенија
Фентанил, дрогата за зомби, се приближува на Балканот. Во Словенија се забележани случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар.
Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат познат во јавноста како дрога за зомби што ги преплави САД и од чии разорни ефекти годишно умираат приближно 100.000 зависници во таа земја.
Фентанил стигна до улиците од здравствените установи, каде што законски се користи за ублажување на болката кај пациенти со напредна фаза на малигни заболувања. Неговото дејство е слично на морфинот, но е приближно сто пати посилно. Затоа, зависниците од хероин на улица често посегнуваат по него.
Посебно загрижува тоа што и едно консумирање може да го претвори човекот во сериозен зависник, а многу мала количина може да доведе до срцев удар. Доволно е одреден број луѓе да нарачаат фентанил преку Интернет, кој поради непрофесионално ракување, особено од страна на деца и малолетници, вдишување прашина од отворен поштенски плик ќе доведе до труење и смрт поради откажување на белите дробови, предупредуваат експертите.
Дилерите во него препознаа предност во однос на другите таканаречени тешки дроги по тоа што може да го произведуваат во импровизирани лаборатории, односно не треба да се увезува како хероинот од Авганистан.
Освен тоа, има посилно дејство од хероинот, поевтин е и полесен за шверц. Дилерите често им го испраќаат на своите клиенти по пошта или со писма. Сето горенаведено предизвикува огромни главоболки на полицијата која во САД, но и пошироко во светот на организациите кои се занимаваат со сузбивање на трговијата со опијати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

