Македонија
По повод Светскиот ден на туристички водичи: Бесплатно разгледување на Скопје, Охрид и Битола
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град Скопје.
Разгледувањето на главниот град ќе се одржи во два термина, со почеток во 12 и во 13 часот. Почетна точка е пред Спомен-куќата на мајка Тереза.
-Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на Град Скопје може да присуствуваат. Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме Денот на туристички водичи, стои во соопштението.
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници ќе организира бесплатно разгледување и на Охрид и Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска
Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Гордана Силјановска-Давкова, реагира министерот за правда, Кренар Лога.
„Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д.“, порача Лога.
Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка ја напушти пленарната сала во знак на протест.
Македонија
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
Гордана Силјановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во „Вила Водно“.
Таа претходно беше во Собранието каде што даде свечена заклетва за совесно и одговорно извршување на должноста.
Силјановска потоа се обрати пред пратениците, каде повика на единство, истакнувајќи дека ќе биде претстедателка на сите партии и сите граѓани, а говорот им го посвети на жените, сугерирајќи дека ќе биде инспирација за нивно учество во политичкиот живот.
Од денес почнува нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Таа е шести претседател, и прва жена која се здобила со оваа функција од осамостојувањето на државата.
Македонија
(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“
Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка ја напушти пленарната сала во знак на протест.
Во продолжение, видеото од заклетвата.