Македонија
Денеска се одбележува 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата
Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа, во која животите ги загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.
На годинешното одбележување во „Бутел“ во Скопје, со почеток во 12 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска, со членови од семејството, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење, и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. Потоа делегација на Армијата на Република Северна Македонија, како и делегација на Сојузот на борците од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главниот одбор на СБМ.
Во Ротимле, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, на спомен-обележјето, каде што се случи несреќата, во 10 часот ќе положат свежо цвеќе претставници од владината делегација, составена од министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, и претставник од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот на Република Северна Македонија.
Во Ротимле ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.
Во Струмица, со почеток во 10 часот, на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Северна Македонија, предводена од Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика, заедно со Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.
По повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата, вечерва, со почеток во 20.30 часот, во Национална опера и Балет ќе се одржи комеморативен настан, на кој свое обраќање ќе има претседателот Стево Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

