Македонија
Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани.
При увидот подигнати се траги, кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејства за обезбедување докази.
Од Обвинителството информираа дека се проверува поврзаност на убиството со пожарот во угостителскиот објект во Чаир. Во вториот случај подигнати се траги од самото место, обезбедени се снимки од видеонадзор. Според првичните сознанија, пожарот бил подметнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ертракторите дејствуваат врз пожарите кај Преспанското езеро и Желино: „Нема опасност по куќите“

Еден ер трактор на ДЗС полнејки вода од езерото успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Преспанско езеро додека вториот ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спсување, Стојанче Ангелов.
Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец. Кон овие села се упатува и еден армиски хеликоптер.
Ангелов уверува дека нема опасност по куќите и други објекти, на терен има доволно противпожарни екипи како и локално население.
Македонија
Сиљановска-Давкова го прими мароканскиот министер за надворешни работи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Насер Бурита, министер на Кралството Мароко за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, кој престојува во официјална посета на земјава.
Според неа, Мароко, како една од водечките земји во МЕНА регионот е природен политички и економски мост меѓу Европа и Северна Африка, со клучна улога во регионалната стабилност и просперитет, како и во гарантирањето меѓународен мир и безбедност.
Министерот Бурита, во својата прва официјална посета на македонската држава, препознава почеток на нова ера во градењето меѓусебни односи.
Сиљановска-Давкова ја истакна важноста од меѓусебната соработка во меѓународните организации, а особено во рамките на ОН, Меѓународната организација на франкофонијата, како и во Унијата за Медитеранот.
За соговорниците, Билатералниот договор за културна соработка, којшто владите го потпишаа во декември минатата година, ќе го продлабочи меѓусебното разбирање и почит.
Мароканскиот министер изрази подготвеност за стратешка соработка во сферата на енергијата.
Тој, во името на мароканскиот крал, ѝ упати покана за посета на Кралството Мароко.
Македонија
Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонските и српските полициски службеници

Денеска (21.07.) во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи.
Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 јули до 31 август.
„Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен аспект како и обезбедување други сервисни потреби. Полицајците од Србија нема да имаат полициски овластувања и при реализација на полициската работа на терен ќе бидат обврзани да постапуваат во согласност со националното законодавство на РСМ, нема да го носат службеното оружје и ќе даваат само поддршка на полициските службеници од Охрид“, велат од МВР.
Српските полицајци пред стапувањето на работната задача детално биле запознаени со законотите во земјата.