Македонија
ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, собра 10.528 потписи.
Втор на листата е лидерот на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, со 8.400 собрани потписи. Кандидатката поддржана од партијата Левицата, Билјана Ванковска-Цветковска, има собрано 6.237 потписи, кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари, 7.513 потписи, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, има 4.718 потписи.
Вело Марковски има 682 потписа, а Мерсиха Смаиловиќ има собрано 696 потписи.
Државната изборна комисија соопшти дека сè додека трае собирањето потписи, еднаш дневно ќе прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител одделно и редовно ќе се ажурира.
Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари, ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.
Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, а кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.
Учесниците на изборите листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, следното зголемување ќе се случи во март“, велат од Влен

„Владата што произлезе од волјата на граѓаните, секој ден докажува дека промената не е слоган, туку реалност која се допира. На вчерашната владина седница беше одобрен предлогот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, фундаментална одлука за подобрување на условите за живот на нашите пензионери“, велат од „Влен“.
„По многу години неисполнети ветувања, конечно имаме влада која дејствува. За само 1 година од нашето владеење, пензиите се зголемија за 5.000 денари, помагајќи им на над 340.000 граѓани. Со новите измени, од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, додека следното зголемување од 1.000 денари ќе се случи во март следната година.
Ова не е пропаганда, туку политика со визија и одговорност. Бидејќи за ВЛЕН, пензионерите не се алатки за гласови, туку столбови на општествено достоинство. ДУИ ги користеше старите лица 20 години за фотографии и празни ветувања. Ние им оддаваме почит со акција!
Тие си играа со чувствителноста на оваа категорија. ВЛЕН си игра со картата на посветеност, за секој пензионер што се жртвувал за оваа земја. Ова е влада што дава резултати“, соопштува „Влен“.
Македонија
(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон, суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума, извести дикреторот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој апелира до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.