Свет
Нов Зеланд се откажа од целосната забрана на тутунот

Нов Зеланд го укинува првиот закон во светот за забрана на продажба на тутун за идните генерации, објави владата, иако научниците и активистите предупредуваат дека одлуката може да предизвика повеќе смртни случаи од пушење.
Новите правила требаше да стапат во сила во јули. Тоа е најстрогиот закон против тутун во светот, со кој требаше да се забрани продажба на цигари на сите родени по 1 јануари 2009 година, да се намалат содржината на никотин во тутунските производи и бројот на продавачи на тутун за повеќе од 90 проценти.
Новата коалициска влада избрана во октомври потврди дека во вторник ќе го укине законот по итна постапка, што ќе ѝ овозможи да ја заобиколи јавната расправа во согласност со претходно најавените планови.
Помошник-министерот за здравство,Кејси Костело, рече дека коалициската влада е посветена на намалување на пушењето, но презеде поинаков регулаторен пристап за да ја обесхрабри оваа навика и да ја намали штетата што ја предизвикува.
„Набргу ќе донесам до Кабинетот пакет-мерки за зголемување на достапните алатки за да им се помогне на луѓето да се откажат од пушењето“, рече Костело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Примирјето е прекршено – Израел изврши напади врз Газа

Израелските воздухопловни сили нападнаа цели на Хамас во Појасот Газа откако терористичката организација испали противтенковска ракета кон ИДФ, кршејќи го прекинот на огнот.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека почнале бран напади во јужниот дел на Појасот Газа.
Според соопштението, нападите се насочени против терористички цели на Хамас, по јасното кршење на договорот за прекин на огнот што се случи денес.
Israeli occupation aircraft launched more than 20 airstrikes on areas eastern Khan Younis, south of the Gaza Strip. pic.twitter.com/hFx5rWNy4H
— Quds News Network (@QudsNen) October 19, 2025
Хамас соопшти дека не е во контакт со никакви борци кои можеби сè уште се во близина на Рафа, каде што ИДФ соопшти дека се случиле судирите.
Претходно денеска беше објавено дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ќе ги повика своите врвни помошници на итен состанок за одговорот на Израел на нападот на Хамас врз војниците на ИДФ претходно денес и неуспехот на групата да ги врати повеќето од преостанатите убиени заложници, објави „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата за цивилна заштита во Газа денес објави дека најмалку 11 лица се убиени во серија израелски воздушни напади низ територијата, додека двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот.
Махмуд Басал, портпарол на агенцијата управувана од Хамас, рече дека шест лица се убиени кога израелски напад погодил група цивили во северна Газа.
Израелската војска изјави за АФП дека ги проверува извештаите за жртви. Претходно, воен претставник рече дека Израел би можел да започне дополнителни напади откако неговите сили ги таргетирале милитантите во Рафа и Беит Лахија, по три одделни напади врз израелските сили.
Израелски воен претставник изјави дека може да се извршат нови воздушни напади врз Газа, по нападите врз Рафа на југ и Беит Лахија на север во текот на денот, објави АФП.
„Постои можност за повеќе напади“, изјави претставникот за новинарите за време на онлајн брифинг, откако војската соопшти дека ги таргетирала милитантите одговорни за три одделни напади врз израелските сили.
фото:илустрација
Свет
Британската армија под напад, руски хакери објавуваат чувствителни документи

Британското Министерство за одбрана истражува тврдења дека руски хакери украле стотици чувствителни воени документи и ги објавиле на темната мрежа.
Датотеките содржат детали за осум бази на Кралските воздухопловни сили и Кралската морнарица, како и имињата и е-адресите на персоналот на Министерството за одбрана, објави Mail On Sunday.
Киберкриминалците пристапиле до кешот на датотеките со хакирање на компанијата за одржување и градежништво Dodd Group, објави весникот.
„Ние преземаме робустен и проактивен пристап кон сајбер заканите што би можеле да претставуваат ризик за националните интереси“, изјави портпарол на Министерството за одбрана.
„Активно истражуваме тврдења дека информации поврзани со Министерството за одбрана се објавени на темната мрежа. За да ги заштитиме чувствителните оперативни информации, нема да коментираме понатаму за деталите“, додаде тој.
Протечените документи наводно содржат информации за голем број чувствителни воздухопловни и поморски бази, вклучувајќи го и RAF Lakenheath во Сафолк, каде што се стационирани американските авиони F-35.
Хакирањето се случило по серија пробиви на податоци во Министерството за одбрана.
Личните информации на припадниците на војската и ветераните, вклучувајќи имиња, банкарски податоци и некои адреси, биле во систем за плати до кој било пристапено за време на голем хакерски напад откриен минатата година. Биле погодени околу 272.000 војници.
Свет
Нетанјаху свика итен состанок за Газа

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес ќе ги повика своите врвни помошници на итен состанок за одговорот на Израел на нападот на Хамас врз војниците на ИДФ претходно денес и неуспехот на групата да ги врати повеќето од преостанатите убиени заложници, објави „Тајмс оф Израел“.