Македонија
Демири: Се гордеам што свесноста за органодарителството се зголемува
Министерот за здравство, д-р Илир Демири, присуствуваше на стручен состанок посветен на подобрување на националниот систем за трансплантација.
Во своето излагање тој упати благодарност до сите експерти што во континуитет даваат стручен придонес во овој процес, а особено до тимот на проектот за подобрување на националниот систем за трансплантација во земјата.
„Трансплантациите во земјата се вршат во јавното здравство на универзитетските клиники. На Клиниката за урологија во јануари годинава ја одбележавме јубилејната 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство, а првпат пред 4 години беше направена и трансплантација на срце. Во моментот во тек е едукација и обука на здравствениот персонал вклучен во програмата за трансплантација, како и активности за зголемување на јавната свест за донирање органи“, рече Демири.
Демири потенцира дека органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината.
„Органодарителството спасува животи и се гордеам што свесноста и важноста сѐ повеќе се зголемуваат. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници“, изјави Демири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова
Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.
По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, двајцата остварија тет-а-тет средба.
Пендаровски и Силјановска го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава.
Македонија
Фон дер Лајен: За ЕУ неопходно е почитување на обврзувачките договори, меѓу кои и преспанскиот
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа „Икс“ порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.
„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Фон Дер Лаејн.
For North Macedonia to continue its successful path on EU accession it is paramount that the country continues on the path of reforms and full respect for its binding agreements, including the Prespa Agreement.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 12, 2024
Нејзината објава се случува откако претходно денес, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, положи заклетва во која го употреби името Македонија, што предизвика реакции во Грција.
Неколку часа претходно, Фон дер Лаејн преку „Икс“ упати честитка до Силјановска-Давкова за изборот.
„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова која стана првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на својот пат кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да работам со вас“, беше наведено во честитката.
Congratulations, Gordana Siljanovska-Davkova, on becoming the first female President of North Macedonia.
Your leadership comes at a crucial time, as your country advances its reforms and continues on its path towards the EU.
I’m looking forward to working with you.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 12, 2024
Македонија
Украдени документи и компјутери во Управата за матични книги во Прилеп, сторителот непознат
Вчера во полицијата било пријавено дека во период од 10 до 11 мај, непознат сторител упаднал во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп.
„Сторителот украл документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.