Свет
Повеќе од 280 кандидати за Нобеловата награда за мир: „Меѓу кандидатите Маск, Столтенберг, Асанж, Трамп“

Норвешкиот Нобелов институт објави дека дури 285 кандидати се номинирани за Нобеловата награда за мир во 2024 година.
„Норвешкиот Нобелов институт има пријавено вкупно 285 кандидати за годинешната награда за мир, од кои 196 се поединци, а 89 се организации“, се наведува во соопштението.
Рокот за номинации за Нобеловата награда за мир за 2024 година истече на 31 јануари, се додава во соопштението.
„Дејли мејл“ претходно напиша дека норвешкиот пратеник Мариус Нилсен го номинирал американскиот милијардер и претприемач Илон Маск за Нобеловата награда за мир во 2024 година.
Според извештајот, за оваа награда се номинирани и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, колумбискиот претседател Густаво Петро, основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, британскиот екологист Дејвид Атенборо, генералниот секретар на ОН,Антонио Гутереш, палестинската новинарка Хинд Худари и поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со 50 патници исчезна над Русија

Руската контрола на воздушниот сообраќај објави дека изгубила контакт со патнички авион Ан-24 во кој се наоѓале околу 50 лица, објави Ројтерс, повикувајќи се на руски извори.
Според информациите од порталот SHOT, авионот, управуван од авиокомпанијата Ангара, летал кон градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток од Русија, во близина на границата со Кина.
Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред неговата дестинација.
Регионалниот гувернер, Василиј Орлов, изјави дека според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца, и шест членови на екипажот.
„Сите расположиви сили и ресурси се насочени кон потрага по авионот“, напиша тој на Телеграм.
Фото: принтскрин
Свет
Тајландската армија на Фејсбук: Ова е местото кое беше погодено од камбоџанските ракети

Тајландската армија објави фотографии на Фејсбук од местото кое наводно било погодено од ракета од камбоџанските сили.
Во објавата, армијата соопшти дека три лица се повредени откако камбоџански ракети го погодија округот Кап Чоенг во покраината Сурин – област близу до границата меѓу двете земји.
Фото: принтскрин
Свет
Камбоџа: Чинот на Тајланд е брутална и незаконска воена агресија

Министерството на националната одбрана на Камбоџа издаде соопштение во кое го обвинува Тајланд за распоредување преголем број војници, користење тешко оружје и изведување воздушни напади во обид насилно да се заземе територија на Камбоџа, јавува Би-би-си.
Министерството го опиша чинот на Тајланд како „брутална и незаконска воена агресија“ и „очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации, нормите на АСЕАН и основните принципи на меѓународното право“, според извештајот на медиумите Khmer Times.
Исто така тврдат дека тајландските борбени авиони фрлиле две бомби на територијата под контрола на Камбоџа.
„Овие нелегални и неодговорни дејствија не само што претставуваат сериозна закана за регионалниот мир и стабилност, туку и ги поткопуваат темелите на меѓународниот поредок“, изјави портпаролката на министерството Мали Сочеата. Министерството дополнително предупреди дека војската е целосно подготвена да го брани суверенитетот на Камбоџа „по секоја цена“.
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа, објави воен функционер.
Борбите се водат во шест области долж спорната граница, според воениот функционер Сурасан Конгсири. Тројца цивили се тешко ранети, вклучувајќи и петгодишно момче, додаде тој.
Фото: принтскрин