Македонија
Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор
По успешното приклучување на три државни инспекторати во Информацискиот систем за инспекциски надзор, Е-инспектор, од наредниот месец сите други инспекторати, за кои е надлежен Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, ќе се приклучат на овој систем, со што ќе се заокружи проектот за целосна дигитализација на инспекциските надзори.
Ова беше соопштено на денешниот брифинг за новинари, кој го одржаа заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска.
Имајќи предвид дека една од примарните цели на дигитализацијата на овие процеси е јакнење на антикорупциските механизми, вицепремиерката Грковска истакна дека инспекторите се лицето на институцијата затоа што тие се во секојдневен контакт со граѓаните и во таа насока зголемувањето на контролата и поголемата ефикасност и ефективност во работењето, скратувањето на времето за вршење инспекциски надзор и поголемата транспарентност е важно за јакнење на интегритетот на службениците, за индивидуализирање на одговорноста, но и за подобрување на генералната перцепција за корупцијата на сите нивоа.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, изрази задоволство што пилот-проектот за модернизација на инспекциските служби, кој почна во 2021 со поддршка на УСАИД, а во кој беа вклучени Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат, продолжи во насока на развој на овој систем и на другите инспекторати. Со поддршка на Европската банка за обнова и развој, од крајот на март 2024 сите инспекторати, кои се под ингеренции на Инспекцискиот совет, ќе бидат дел од Е-инспектор.

Дополнително, овој проект ќе продолжи кон целосна дигитализација на инспекциската постапка, односно дргите 12 инспекциски служби, кои во овој момент се организирани како внатрешни организациски единици во состав на органите на државната управа, ќе бидат предмет на вклучување во електронскиот систем, во зависност од крајниот исход на сеопфатниот процес на реорганизација и оптимизација на јавната администрација, во кој се вклучени и инспекциските служби.
На брифингот беа споделени информации за придобивките од дигитализацијата на инспекциските надзори и искуствата на инспекторатите во секојдневната работа преку овој информациски систем, кој овозможува намалување на бројот на инспекциски надзори и контроли, фер пристап кон субјектите што ги почитуваат законите, електронско прибавување на сите потребни податоци, скратување на времето на инспекцискиот надзор, како и заеднички и координирани надзори од повеќе инспекциски служби во исто време.
Во прилог ви ја доставуваме детаљната информација за напредокот и ефектите од воспоставувањето Е-инспектор, која денеска беше презентирана на средбата со новинари во Инспекцискиот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

