Забава
Невеста од Англија само за торта платила 13 илјади фунти, а за да се направи, биле потребни речиси три месеци

Секој пар се труди денот на својата венчавка да го направи посебен, а некои се подготвени, доколку можат, да потрошат милиони на својата венчавка.
Една од нив е Медлин Бартон, која се омажи за своето момче Патрик во гламурозната сала на хотелот „Савој“ во близина на Лондон.
Само за изнајмување на салата потрошиле околу 50.000 фунти. Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на луѓето е тортата.
Тортата во облик на огромен замок ја дизајнира уметницата Сем Вудраф, а за да ја направи оваа спектакуларна торта, ѝ беа потребни околу два месеца.
За да го направи она што се очекува од неа – огромна торта што личи на замок, Сем користеше шест кружни колачи од 20 сантиметри, кои беа во основата на структурата, а остатокот од дизајнот го направи од полистирен. Сините куполи на тортата беа направени со помош на 3Д-печатач, а потоа наредени на врвот на структурата. И секој прозорец беше опремен со ЛЕД- светла за тортата да блеска.
Медлин рече дека останала без зборови кога тортата била откриена на нејзиниот голем ден. Воодушевена од тортата, венчаницата и целата свадба, таа изјави дека венчавката ѝ била совршена.
„Целиот ден ми помина совршено. Беше голема свадба со над 200 гости. А тортата беше апсолутно прекрасна. Плативме 13.000 фунти за неа, но вредеше. Врвот беше нешто неверојатно“, рекла невестата, која признала дека заедно со уметницата ја дизајнирала тортата од соништата, со што се занимава од својата 13-та година.
„Плачев кога го видов готовиот производ. Бев навистина емотивна бидејќи целиот процес на градење траеше толку долго. Никогаш порано не ја видов целосно изградена бидејќи тортата беше толку висока и не можев да ја завршам во куќата, па беше неверојатно да се види целосно осветлена со сите детали на денот на свадбата. Медлин е романтичарка и сака сè што е ренесансно и носталгично и сака богати бои“, изјави дизајнерката на торти, Сем Вудраф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ќерката на Мајкл Џексон блеска со својата облека и убавина

Ќерката на славниот Мајкл Џексон, 27-годишната Парис Џексон, блесна на amfAR Гала вечерта во рамките на овогодинешниот Кански филмски фестивал, оставајќи многумина без зборови со својот изглед и стил.
Таа пристигна на престижната добротворна вечер во фустан кој ги истакнуваше нејзините витки нозе благодарение на смелите процепи на креацијата.
Креацијата е комбинација од материјали и различни дезени, и се чини како всушност да е направена од два дела. Првиот дел е бело боди, додека горниот дел е беж, целосно транспарентен во долниот дел и со светкав корсет, а највпечатлив дел е кројот на рамената што создава впечаток на крилја и дава драматичен ефект на целата креација.
Фустанот е проѕирен низ целата должина и овој аутфит потсетува на актуелниот тренд „без панталони“, па затоа повторно успеа да го привлече вниманието на сите.
Атрактивната Парис имаше лежерна фризура и суптилна шминка во природни тонови што го истакнуваа нејзиното убаво лице, а со оригиналната креација носеше беж сандали со високи потпетици.
Забава
(Фото) Бред Пит драстично го промени имиџот

Холивудската ѕвезда и миленик на милиони жени, Бред Пит (61), често го менувал својот имиџ низ годините, а најновиот го откри вчера додека уживаше во возење низ Лос Анџелес, кога беше забележан со нова фризура.
Познатиот добитник на Оскар често го прилагодуваше својот имиџ на партнерките со кои беше, а наместо подолгата коса по која беше познат во последните месеци, доаѓа голема, можеби најголемата промена која ги воодушеви сите негови обожаватели.
Always handsome 😍
Brad Pitt debuted a striking new look in Los Angeles this week,https://t.co/4bh8wh5dBY
Brad Pitt was spotted with a completely shaved head while driving in L.A., looking nearly unrecognizable pic.twitter.com/BYYYXeDCtO
— Beverly (@beverlyabcd) May 23, 2025
Бред Пит сега ја има најкратката фризура досега – дури е изненадувачки што решил да направи ваков чекор. Брадата ја задржа, но ја скрати.
Го видовме со кратка коса одамна, кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите. Засега не е познато дали на тоа го убедила неговата нова девојка, швајцарската дизајнерка на накит Инес де Рамон, со која е во хармонична врска, или едноставно сакал драстична промена.
Забава
(Фото) Конечно си го „врати лицето“: и никогаш не изгледала поубаво

Новата сезона на „And Just Like That..“ е на повидок, а нејзините ѕвезди веќе почнаа да ја промовираат во Њујорк.
И кога сме веќе кај тоа, Кристин Дејвис, која ја игра донекаде срамежливата Шарлот Јорк, се појави на премиерата на третата сезона и сите беа шокирани кога го видоа нејзиното лице.
Актерката одлучи да носи тесна тоалета во „валкано“ бела боја за овој голем настан во Њујорк. Креацијата е потпишана од дизајнерката Рејчел Гилберт, а е украсена со цветни детали и монистра.
Својот стајлинг го надополни со дискретни додатоци и брановидна фризура што ѝ паѓаше преку рамената. Сепак, нејзиното лице со минимална количина шминка привлече најголемо внимание на јавноста.
Кристин успеала да го „врати лицето“ по бројните козметички процедури што ги имала во текот на изминатите неколку години.