Македонија
Собранието го донесе законот за спорт

Законот за спорт беше предложен од Министерството за правда и со него се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, за активните спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти што имаат решение за вршење дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.
Аналогно на измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка во делот на даночното намалување/поттикнување, во законот за спорт се предвидува даночно поттикнување за спортките субјекти со воведување ваучерски систем во согласност со кој точно ќе бидат утврдени надлежностите на спортските субјекти и органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, како и самата процедура при издавање ваучери, извести Министерството за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо.
Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се капело заедно со нејзините браќа и сестри во реката. Околу 16 часот скокнало во вода, но не испливало на површината поради силната струја што го повлекла под водата и сосема го сокрила од видикот.
„На повик дојдоа околу 20 пожарникари од засебните единици на Монтебелуна и Тревизо, како и специјалисти за водни интервенции, нуркачи, дрон и хеликоптер од Венеција, како и припадници на карабињерите. Поради непредвидливата струја, спасувачките операции беа исклучително тешки. По околу два часа потрага, околу 18:30 часот нуркачи го пронајдоа телото на девојчето меѓу големи карпи на реката. Лекар од итната помош констатира смрт“, јавува „РАИ Њуз“.
Смртоносно давење во Пјава имаше и пред 11 дена, кога животот го загуби 21‑годишен маж со венецуелско потекло.
Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.