Македонија
Средба Коцевски – Гир: Предизвик остануваат дигитализацијата и новиот систем за управување со предметите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, на денешната средба со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, и претставници на Делегацијата на ЕУ во земјата, се заблагодари за поддршката што Европската Унија ја дава за Јавното обвинителство и за правосудството во нашата земја.
Тој ги презентира тековните состојби во Јавното обвинителство и приоритетите од програмата за неговиот шестгодишен мандат. Исто така, Коцевски и Гир разговараа за забелешките од последниот извештај на Европската комисија и активностите што веќе ги презема Јавното обвинителство за реализација на дадените препораки. Притоа Коцевски го запозна Гир со напредокот во функционирањето на истражните центри, особено во Основното јавно обвинителство Скопје, јакнењето на капацитетите на Обвинителството за водење финансиски истраги, воспоставената континуирана соработка со Државниот завод за ревизија, како и соработката со Европравда и со Европското јавно обвинителство.
„Предизвик останува дигитализацијата и новиот систем за управување со предметите за кој веќе се испитуваат можностите преку проектот ‘ЕУ – Владеење на правото’. Би сакал да побарам и од вас поддршка во однос на нашите заложби да добиеме функционален систем, кој ќе ги задоволува потребите на ефикасната кривична постапка, но и ќе ја гарантира независноста и самостојноста на јавните обвинители и доверливоста на постапката“, рече Коцевски.
Евроамбасадорот Гир го истакна како позитивен чекор и пракса, која треба да се следи, фактот што Коцевски пред пратениците презентира сопствена програма за активностите што има намера да ги анализира за време на мандатот како државен јавен обвинител. Тој изрази разбирање за тешкотиите со недостиг на финансиски и кадровски ресурси со кои се соочува Обвинителството и кои се нотирани во извештајот на ЕК, со забелешка дека Унијата ќе продолжи да инсистира да се обезбедат сите неопходни услови за непречена работа на Јавното обвинителство.
Коцевски и Гир на средбата дискутираа и за ефектите од последните измени на Кривичниот законик, кои предизвикаа застарување на повеќе предмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.