Македонија
Делови од Радишани и Бутел денес без вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/slavina-cesma-voda-2.jpg)
Од ЈП „Водовод и канализација“ известија дека денес, поради реконструкција на водоводна мрежа ф 250 мм на улицата Бел камен бб во Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и населеното место Кучевишка Бара.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Одрони и помали свлечишта на патниот правец Скопје-Тетово-Гостивар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/viber_image_2024-06-23_18-05-30-239.jpg)
Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје-Тетово-Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.
„Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управуваат со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот“, вели Ангелов.
Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот.
Македонија
(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ograda-most-avtokomanda-2.jpg)
Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот на невремето кое го зафати попладнево Скопје.
Нема информации за повредени лица, соопштија од Центарот за управување со кризи.
„Макфакс“ претходно објави дека колони возила останаа заглавени на улицата. Граѓаните апелираат да не се користи влезот во Скопје преку Автокоманда бидејќи патот е целосно блoкиран, а градските служби во моментот се на терен.
Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнале околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.
Македонија
(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ograda-avtokomanda1.jpg)
Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје.
Граѓаните апелираат да не се користи влезот во Скопје преку Автокоманда бидејќи патот е целосно блoкиран, а градските служби во моментот се на терен.
Истовремено блокирани се надвозници кај Бутел и паднати се дрвја на повеќе места. Поплавени се улици во Чаир, Ченто, кај Пластичарска.
Според првичните информации во повеќе делови од градот дошло до прекин на електричната енергија, а собраниската седница, на која треба да биде избрана новата влада, е прекината откако снема струја во зградата на Парламентот. Во моментов е дадена пауза.
Невреме проследено со силен дожд, град и електрични празнења попладнево ги зафати Скопје и Тетово.