Свет
Кремљ: Соборени 38 украински беспилотни летала над Крим
Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 38 беспилотни летала лансирани од Украина над полуостровот Крим, објави државната новинска агенција РИА, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
„Ројтерс“ претходно објави дека сообраќајот во близина на кримското пристаниште Феодосија е привремено ограничен, цитирајќи ги изјавите на руските официјални лица на Крим кои следеа по извештаите за неколку силни експлозии во областа на украинските и руските социјални медиуми.
Сообраќајот е затворен и на мостот што го поврзува полуостровот Крим со руското копно, соопшти руската администрација што управува со мостот.
„
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Харис: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа
Американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.
„Правдата е задоволена. Синвар е одговорен за убиството на илјадници невини луѓе, вклучувајќи ги и жртвите на 7 октомври и заложниците убиени во Газа“, рече Харис.
Таа изрази надеж дека наскоро ќе започне „ден потоа без Хамас“ на власт во палестинската енклава, пренесува Ројтерс.
Регион
Во Србија пронајдени три деца киднапирани во Романија
Киднапирани деца од Романија, денеска биле пронајдени во српскиот град Ниш. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска за ова ја информирал министерката за внатрешнира работи на Романија.
Случајот во последните денови ја брануваше романската јавност.
Имено, министерот Дачиќ ја информирал својата романска колешка дека припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал и Техничката управа, во соработка со Полициската управа во Ниш, постапувајќи по пријава за кривично дело киднапирање извршено во Романија, уапсен е романски државјанин А.М.(1970) поради сомнение дека ги грабнал неговите три малолетни деца, исто така романски државјани на возраст од 11, 9 и 8 години.
Свет
По Германија и Франција ги враќа граничните контроли
Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс.
Како што пишува овој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија.
Минатиот месец, Германија повторно ги воведе граничните контроли со Луксембург, поставувајќи контролни пунктови долж автопатите каде Германија ја дели својата граница со Луксембург. Како и Франција и Германија ги карактеризираше своите активности како неопходен одговор на тековните безбедносни закани.