Македонија
Ковачевски: СДСМ е партија која ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денес учествуваше и се обрати на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.
Во обраќањето, Ковачевски посочи дека СДСМ е пример за тоа како треба да изгледа вистинска рамноправна застапеност и вистинска родова еднаквост, и дека партијата секојдневно работи на повеќе можности за учество на жените во сите сфери на општествениот и политичкиот живот.
„Тука денес со нас имаме силни и храбри жени, работнички, наставнички и професорки, новинарки, докторки, земјоделки, уметници, инженерки, жени кои активно и секојдневно се вклучуваат во општествениот живот и придонесуваат оваа наша земја да биде подобро место за живеење. Сите тие на еден или друг начин се дел од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, партија која ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ. Токму затоа отсекогаш биле и се на високи позиции и во Владата и во партијата. Сите тие се олицетворение на посветена работа, пожртвуваност, храброст, и верба во подобро денес и подобро утре за граѓаните. Олицетворение на најдоброто што СДСМ може да го понуди.“ рече Ковачевски во обраќањето на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

