Свет
Потпретседателката на Бајден: Нема оправдување за Израел, луѓето во Газа гладуваат

Американскaта потпретседателка, Камала Харис, повика на итно спроведување на шестнеделниот прекин на огнот во Газа за да се овозможи проток на поголема помош во опколената палестинска територија и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас.
„Со оглед на огромното страдање во Газа, мора да има итен прекин на огнот, барем во следните шест недели“, рече вчера Харис, предизвикувајќи овации од собраните на 59-годишнината од „крвавата недела“ во Алабама, каде што полицијата тепаше Демонстранти за граѓански права во САД, права пред речиси шест децении.
Таа отворено го повика Израел дека не прави доволно за да ја ублажи „хуманитарната катастрофа“ во Газа, бидејќи администрацијата на Бајден се соочува со зголемен притисок да го заузда својот близок сојузник додека се бори со милитантите на Хамас.
„Луѓето во Газа гладуваат. Условите се нехумани и нашата заедничка хуманост не принудува да дејствуваме“, рече Харис. „Израелската влада мора да стори повеќе за значително да го зголеми протокот на помош. Нема оправдувања“, рече Харис.
Таа додаде дека Израел мора да отвори нови гранични премини, да не наметнува непотребни ограничувања за испораката на помош, да ги заштити хуманитарните работници и конвоите и да работи на обновување на основните услуги и унапредување на редот за повеќе храна, вода и гориво
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Катар го прифати извинувањето на Нетанјаху

Катар го поздрави извинувањето и ветувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел нема повторно да изврши напад врз Доха, соопшти Белата куќа.
Нетанјаху претходно денеска од Белата куќа телефонски разговарал со катарскиот премиер Мохамед бин Абдурахман Ал Тани, извинувајќи се за нападот насочен кон раководството на Хамас, со кој била нарушена катарската сувереност.
Во заедничкото соопштение беше потврдено дека е воспоставен „трилатерален механизам“ за подобрување на односите. Катарскиот премиер ги поздравил гаранциите од Израел, нагласувајќи ја подготвеноста на Доха за понатамошна соработка во интерес на регионалната безбедност и стабилност.
Свет
„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се извинил на Катар поради израелскиот воздушен напад врз Доха од почетокот на месецов, во кој цел биле функционери на Хамас, јави „Ројтерс“.
Според извор близок до израелскиот премиер, тој телефонирал со катарскиот премиер Мохамед бин Абдурахман Ал Тани од Белата куќа, каде што во исто време американскиот претседател Доналд Трамп остварил контакт со Катар.
Извинувањето доаѓа во момент кога Нетанјаху престојува во Вашингтон на средба со Трамп. Главна тема е новиот мировен план од 21 точка, со кој се предвидува прекин на огнот, ослободување на израелските заложници и воспоставување ново управување со Газа без учество на Хамас.
Катар претходно го осуди израелскиот напад како „подмолен“ и „груб прекршок на меѓународното право“. Во исто време, Нетанјаху е под силен притисок да го прифати американскиот план кој ја исклучува анексијата на Западниот Брег и бара формирање нова палестинска влада.
Свет
Осомничениот во случајот со Медлин Мек Кен: „Вратете ми го животот!“

Кристијан Брукнер, осомничен во истрагата за исчезнувањето на Медлин Мек Кен, за првпат јавно проговори по излегувањето од затвор. Во интервју за „Скај њуз“ рече дека е жртва на „лов на вештерки“ и побара да му се врати нормалниот живот.
„Не се чувствувам слободен. Носам нараквица и под 24-часовен надзор сум. Сакам ова да престане и некој да преземе одговорност,“ изјави Брукнер.
Тој се обиде да влезе во канцеларијата на германскиот обвинител Ханс Кристијан Волтерс, кој претходно јавно тврдеше дека има докази дека Брукнер ја киднапирал и убил Медлин, иако призна дека тие не се доволни за подигнување обвинение.
Брукнер (49) неодамна беше ослободен по издржана казна за друго кривично дело. Германските медиуми јавуваат дека по неговото ослободување бил сместен во привремено живеалиште, но по јавниот притисок и протестите на граѓаните, бил преместен од градот Нојминстер.
На директно прашање дали има врска со исчезнувањето на британското девојче, Брукнер одговори дека по совет на адвокатите нема да зборува на таа тема.
Тригодишното девојче исчезна од апартмански комплекс во Праја да Луз во Португалија на 3 мај 2007 година, што предизвика истрага низ цела Европа и стана еден од најпознатите случаи на исчезнати лица. Нејзините родители вечерале со пријателите во блискиот ресторан додека таа и нејзините помали браќа и сестри близнаци спиеле во станот. Нејзината мајка Кејт открила дека Медлин ја нема околу 22 часот по локално време.
Случајот останува нерешен, но германските обвинители велат дека имаат докази кои сугерираат дека Брикнер можеби бил во областа кога исчезнала Медлин. Волтерс рече дека иако тој и другите обвинители не веруваат дека имаат доволно докази за формално да го обвинат Брикнер во случајот Меккен, нивните напори ќе продолжат.