Македонија
„Владата на СДС-ДУИ во заминување остави 100.000 граѓани без право на глас“, вели партијата Левица
„Анти-македонскиот двоец СДС-ДУИ, кој е при крај на своето криминално владеење, во Собранието гласаше против продолжување на важењето на пасошите без „северна“, со што дрско и бесрамно оневозможија граѓаните кои имаат важечки пасоши со името Република Македонија да го остварат своето право да движење надвор од државата – но, и им го ускратија право на глас на 100.000 полнолетни граѓани кои немаат лична карта, a имаат пасош без нелегитимната „северна“ додавка во името“, соопшти партијата Левица.
„Ова несфатливо работење против интересите на сопствените сограѓани е, не само одраз на вазалната надворешна политика на оваа ненародна влада, туку и очаен обид да се намали изборната излезност. Со оглед на тоа дека постои огромно про-опозициско расположение и решеност на граѓаните да гласаат за вистинска левичарска политичка опција, како Левица, и да ја пасокизираат анти-македонската СДС и конечно да ја испратат амнестираната ДУИ во опозиција, која треба да одговара за воени злосторства.
По тридецениската партизација на институциите и душманско владеење на СДС-ДПМНЕ-ДУИ, Македонија е доведена до состојба да не може да ги извршува своите базични државни функции, како обезбедување на лични документи за своите жители, но, на претстојните избори народот конечни има избор и можност да направи промена!
Единствено со поддршка на Левица и на нејзиниот кандидат за Претседател на Републиката, проф. д-р Билјана Ванковска, народот може да се избори за враќање на достоинството на нацијата и подобар живот!“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

