Забава
Хороскопски знаци кои ги чека среќа во март: нема да им недостигаат ниту љубов, ниту пари
Овој месец ќе биде успешен и плоден на сите полиња за некои хороскопски знаци. Кои се хороскопските знаци кои ги чека среќа во март?
За некои хороскопски знаци, март ќе биде можеби еден од најубавите периоди во годината, бидејќи ги чека среќа на сите полиња. Ако припаѓате на некој од нив, ќе поминете прекрасен месец.
Риби
Вие сте еден од среќниците овој месец, бидејќи во вашиот знак се собираат лични планети една по една. Почнувате со Сонцето и Меркур во вашиот знак, потоа доаѓа Венера на 12-ти и Марс на 22-ри, па како што можете да видите, вие сте главни. Сите кои се сомневаа во вас ќе бидат шокирани од вашиот успех, харизма и способност да блеснете на сите полиња овој месец.
Ќе имате многу можности да го подобрите личниот, а особено љубовниот живот. Она на што само треба да обрнете внимание е вашата интуиција и конечно да направите ред во вашата непосредна околина. Ќе видите појасно од кога било досега кои се ваши сојузници, а кои лажни пријатели.
Бик
Доколку сте родени во знакот Бик, особено во втората и третата деценија, март може да биде најсреќниот месец во годината за вас. Уран и Јупитер се во вашиот знак, па нема од што да се плашите. Напротив! Нивните поволни аспекти со Сонцето, а подоцна и со Венера во Риби, во вашата 11-та куќа, ќе донесат пријатен, понекогаш неочекуван развој на вашите меѓучовечки односи.
Новите пријателства, групи, познанства, па дури и романси можат да ве издигнат на седмо небо. И можно е целосно да го промените вашиот имиџ. Овој месец ќе се дружите многу повеќе од претходно, а можно е да се запишете и на курс кој многу ќе ви значи. Идеално време е да започнете со реализација на нови деловни проекти и да ги рекламирате вашите услуги. Нема да има недостаток на пари.
Овен
Овој месец среќата ќе биде на ваша страна, особено кога се работи за здравјето и работата. И сосема е можно да добиете или покачување или прилив на пари од неочекувани извори. Доколку сте имале некакви несогласувања со пријателите, колегите или членовите на семејството, се ќе се реши на најдобар начин.
За тоа ќе се погрижи Меркур, а подоцна и Сонцето кое ќе се пресели во вашиот знак и ќе формира поволен аспект со Плутон во Водолија. Што се однесува до љубовта, и таму ќе цветаат рози, особено од 10 март. Површното познанство може да се претвори во многу убава врска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Високопреработената храна ги загрозува сите главни органи
Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“.
Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.
Ненадејното зголемување на потрошувачката на високо преработената храна низ целиот свет ги охрабри корпорациите да користат агресивни методи за зголемување на продажбата, да манипулираат со научната дебата и да доведат до спречување на регулација, според студијата.
Серија од три научни трудови наведува дека милиони луѓе сè повеќе консумираат производи како што се готови оброци, житарки, протеински плочки, газирани пијалоци и брза храна.
Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана се состои од производи од високо преработената храна која за некои, особено помладите и посиромашните жители, сочинува до 80 проценти од исхраната.
Преглед на 104 долгорочни студии покажа дека 92 студии забележале зголемен ризик од хронични заболувања и предвремена смрт кај лица кои консумираат високо преработената храна.
Првиот труд во оваа серија покажува дека високо преработената храна ги оштетува сите главни органи. Луѓето не се биолошки прилагодени за нивната потрошувачка.
фото: ЕПА
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и за концертот со наслов „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт со наслов „Бесмртна“, така возбудата за Бојана Скендеровски расте од ден на ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детаљ од вечерта, која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува она што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер што ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме, подготвувам и едно мало музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20 часот, во Филхармонијата, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцената. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства што траат и моменти што се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин

