Македонија
Велковски: 270 деца се на листа на чекање во градинките во Тетово, над 5.000 во целата држава
Над 270 деца во општина Тетово се на листите за чекање за згрижување во детските градинки, а бројот на деца на територијата на Република Македонија е над 5.000. Ова денеска го изјави техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, при посетата на детската градинка „Младост“ во Тетово.
„Моментно во Македонија чекаат над 5.000 дечиња на листите за чекање за прием во детските градинки. Ќе треба во наредниот период да работиме и на ова прашање да сите дечиња бидат згрижени и еве во Тетово морам да кажам дека само во детската градинка Младост податокот е дека над 270 деца се на листата за чекање за прием во градинката. Мора да го надминеме овој проблем и со оние објекти коишто се подготвуваат во рамките на општина Тетово и веќе да нема деца на листите за чекање и истите да бидат згрижени во детските градинки“, вели министерот Велковски.
Покрај обезбедувањето нови просторни услови и зголемување на капацитетите во градинките, клучен проблем што мора итно да се реши е и обезбедување лиценци за лицата што со години чекаат да ги стекнат.
„Морам да потенцирам дека она кое што веќе шеста недела го зборувам како човек и го пренесувам како министер пред се, ми се потврдува и со самото присуство при теренските посети на детските градинки низ државата. Тоа е проблемот со просторните услови, проблемот со персоналот којшто е најголем и е континуирано истакнуван од страна на директорите и луѓето кои што работат во детските градинки, но најважно од се е решавање на проблемот со лиценците со коишто не можат да се стекнат дел луѓето кои што треба да бидат во процесот за вработување во самите детски градинки. Ова се потврди и денеска во Тетово. Грижата за 30 дечиња во една група е сведена на еден или двајца вработени, а знаеме каков е предизвикот за негувателките да можат да се грижат за 30 деца 8 работни часа“, додава Велковски.
Техничкиот министер Ѓоко Велковски порача дека заедно со неговиот тим и вработените во Министерството за труд и социјална политика веќе работат на изготвување целосна анализа за општините на територија на Република Македонија како би ги увиделе предизвиците со кои се соочуваат детските градинки и подготовка на програмски активности по 8 мај кога би почнале со брзи чекори за нивно решавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

