Црна хроника
Ја каснало куче скитник, па бегајќи паднала: тешко повредена жена од Тетово
Педесет и едногодишната Н. Љ. од Тетово, вчеравечер, во 21.05 часот, во СВР Тетово пријавила дека на улицата Јордан Златановски во Тетово била касната од куче скитник, извести СВР Тетово.
Притоа, бегајќи, паднала ѝ добила тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Свршеникот на Мартина која загина во несреќата во Грција: „Ти си ангел кој ќе сјае во рајот, почивај во мир душо моја најсакана“
Свршеникот на 29-годишната Мартина од Битола која загина во сообраќајната несреќа во Грција, со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од својата сакана.
Во пораката тој вели дека Мартина била девојка со најчиста душа, таа била неговата душа и човек со најголеми особини кои во денешно време никој не ги поседува.
„Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе. Чекаме да се разбудиме од овој сон, не’ остави сите кога најмалку требаше. Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет“, напиша свршеникот Ристе.
Заедно со семејството на загинатата девојка тој им посака заздравување на другите три девојки, од кои две се во тешка состојба, тврдејќи за несреќата е виновен Гркот кој го управувал второто возило, иако, официјално се’ уште не се познати причините за несреќата и истрагата е во тек.
„Ти беше најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот! Почивај во мир душо моја најсакана!“, се додава во пораката.
Несреќата се случи вчера во 12 часот на автопатот Игнација во правец кон Солун. Другите девојки кои биле во автомобилот се на возраст од 24 и 25 години.
Според полицискиот извештај, автомобилот го управувала 25 годишната девојка, а Мартина била сопатник. Девојките се судриле со автомобил управуван од државјанин на Грција, а потоа во нив се забило уште едено возило.
Црна хроника
Мартина од Битола е девојката којашто загина во сообраќајната несреќа во Грција
Мартина Н. (29) од Битола е девојката којашто загина вчера во 12 часот на автопатот Игнација во правец кон Солун.
Со неа биле уште три девојки кои се здобиле со повреди, а на возраст од 24 и 25 години.
Медиумите во Грција го објавија полицискиот извештај во кој се наведува дека возилото го управувала 25 годишна странска државјанка, а се судрила со автомобил управуван од државјанин на Грција. Потоа во двете возила се забил уште еден автомобил, чијшто возач е истотака повреден.
Причините за несреќата засега не се познати и дополнително се очекува да бидат утврдени.
Црна хроника
Штипјанец со нож им се закнувал на таткото, брат му и снаата, скопјанец ја нападнал сопругата – нови случаи на семејно насилство
Повеќе на случаи на семејно насилство биле регистрирани во МВР во изминатото деноноќие.
Доцна по полноќ, приведен е 32-годишен штипјанец со иницијали Е.С. кој во дворот од семејната куќа во Штип агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите татко, брат и снаа.
Неколку часа претходно во истиот град, приведен е уште еден 32-годишник, Д.С. кој по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26 – годишна партнерка од Штип.
Во Шуто Оризари извршен е службен разговор со А.М.(55) од Скопје затоа што во домот физички ја нападнал и со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга, додека во Кисела Вода приведен е маж кој се однесувал во домот на неговата мајка и оштетил дел од покуќнината.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите, ќе следат пријави.