Македонија
Синдикатот на битолскиот универзитет: Документацијата за потпишување на колективниот договор ја доставивме навреме
 
																								
												
												
											Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола испрати демант на прес-конференцијата на техничкиот премиер Талат Џафери за колективните договори на петте јавни универзитети.
Од таму посочуваат дека синдикалниот активизам има граѓанска димензија, а не како што рече Џафери, предизборна.
„Синдикатот на вработените на Универзитетот ‘Св. Климент Охридски’ од Битола одговорно тврди дека целокупната документација за потпишување на колективниот договор уредно е доставена до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, основач на Универзитетот на 4.5.2023 година, а е примена од наведениот примач на пратката на 5.5.2023 година. Во прилог ви доставуваме скенирано барање бр. 02-9/1 од 4.5.2023 година и повратница за врачување со број на испратена пратка 055674143 од 4.5.2024 година, со што се демантира изјавата на г. Џафери за ненавремено поднесување на документацијата за потпишување на колективниот договор, односно тврдењето дека синдикатите почнале да ги доставуваат материјалите во октомври 2023 година. Тврдењето дека синдикатите на универзитетите не биле формирани навремено целосно го отфрламе бидејќи Синдикатот на Универзитетот ‘Св. Климент Охридски’ од Битола е формиран на 14.12.2022 година, за што ви испраќаме и тековна состојба од Централениот регистар“, велат од таму.
Од Синдикатот на битолскиот универзитет посочуваат дека документацијата била навремено доставена, а ставот на техничкиот премиер дека не знаеле да напишат барање го гледаат како навреда.
„Навредата, пак, дека синдикатите не знаеле да напишат барање не сакаме ни да ја коментираме. Впрочем, во прилог ви го доставуваме и барањето, па ве молиме самите да ја оцените спорноста на ова. Во однос на хронологијата, односно развојот на настаните околу (не)потпишувањето на колективните договори, ве потсетуваме и на изјавата на претседателот на Синдикатот на вработените на Универзитетот ‘Св. Климент Охридски’ од Битола, проф. д-р Саша Дукоски, дадена за време на протестот, одржан на 4.3.2024 година, во која се вели: Документацијата од нашиот Синдикат беше навремено доставена уште во мај. Бевме замолени од тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да бидеме носители на активностите за формирање синдикални организации на другите четири јавни универзитети и нашиот колективен договор да биде пример за подготвување колективни договори на овие универзитети. Тоа остана само како ветување. Во почетокот на декември испративме предупредувачко писмо. Значи, ги опоменавме дека веќе истекува моментот за потпишување на колективниот договор. Во текот на февруари оваа година беше ставен во оперативна употреба колективниот договор на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ од Скопје и беа исплатени платите по новиот колективен договор. Веднаш потоа сите пет синдикални организации на јавните универзитети испративме барање за итен прием кај претседателот на Собранието на 15.2.2024 година и бевме примени од претседателот на Собранието и на средбата ни беше кажано дека ги имаме доставено сите документи“, реагираат од Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Мицкоски до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за да започнат катарзата и реформите во партијата
 
														Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија. Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.
Мицкоски ја искористи приликата и од настанот во Виница им се заблагодари на граѓаните на Виница и пошироко на цела Македонија што излегоа на избори и дадоа масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на број 9.
Исто така, Мицкоски упати повик до сите оние коишто во првиот круг останаа дома и коишто не гласаа, мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, ќе испратат некаква порака којашто, никој не ја препознава, да излезат масовно на гласање и да го искористат своето граѓанско право на избор.
„Денеска сме сведоци како дел од нашите граѓани коишто се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во западно европските земји доаѓаат во општина Брвеница, во општина Кичево мислејќи дека на тој начин ќе помогнат да двајца кандидати коишто се во тие општини ќе станат и градоначалници. Нема да успеат, но сепак, сите оние коишто во Виница одлучија во првиот круг да останата дома и кои се двоумат дали во вториот круг треба да излезат и да гласаат, ова нека им биде патоказ како треба да се брани својот интерес. А нашиот интерес, овде во Виница, пред сè и над се да имаме голема излезност и се разбира дека при една таква голема излезност бројот 9 ќе биде масовно поддржан. Не дозволувајте некој друг да ја креира вашата иднина седејќи дома, зошто тие што ќе излезат на овие избори имаат право да ја моделираат иднината на Виница и на Македонија. Со седење дома и покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, истакна Мицкоски.
Мицкоски испрати порака и до поддржувачите и симпатизери на СДСМ на изборите во недела да го заокружат бројот 9 за да почне катарзата и реформите во партијата и да не да го легитимираат ова партиско раководство кое СДСМ ја доведе во фаза на исчезнување.
„Знам дека не ви е пријатно и се чувствувате разочарани кога гледате како некогаш големата СДСМ едвај ја поминува границата од стотина илјади гласови, знам дека ви е тешко ова да го гледате. Но, на овие избори кога ќе бидете позади параванот, со гласачкото ливче пред вас и со пенкалото во рака имате две опции. Едната опција е да го поддржите против кандидатот на Митко, којшто доаѓа од СДСМ и на тој начин да го легитимирате ова партиско раководство кое не ја донесе СДСМ под биолошкиот минимум, туку буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување. И втората опција која е пред вас е да го поддржите Митко и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна катарза, на внатрешна реформа во рамките на СДСМ. Бидејќи, верувајте, и 61 пратеник во Парламентот и 60 градоначалници и апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутна дисциплина што до сега е невидена на политичката сцена во Македонија, имаат потреба од силна и политички стабилна СДСМ“, порача Мицкоски.
Македонија
(Видео) Минчев: Во недела масовно за бројот два, за Максим Димитриевски во Куманово, за Мирослав Лабудовиќ во Центар и Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје
 
														Со повик за масовна излезеност на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи задутре Движењето ЗНАМ – за наша Македонија ја заокружува својата изборна кампања што завршува вечерва на полноќ. Повикот го упати генералниот секретар на Движењето ЗНАМ Горан Минчев и до граѓаните и до симпатизерите и поддржувачите на ЗНАМ.
„Во недела, на 2 ноември, Ве повикувам сите членови, симпатизери и поддржувачи на Движењето ЗНАМ: излезете масовно и покажете ја вашата енергија, довербата и вербата во нашата визија. Да гласаме за број 2, за Максим Димитриевски во Куманово, број 2 за Мирослав Лабудовиќ во Центар и за број 9 за Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје и за сите кандидати на нашите владини партнери каде што нашата заедничка поддршка носи промена. Ве повикувам сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или верска припадност: да излеземе заедно и да гласаме за визија, за работа и за систем.
Да гласаме за иднина во која младите остануваат, семејствата живеат достоинствено, а државата функционира како дом за сите“, повика Минчев.
Тој искажа задоволство од резултатите што Движењето ЗНАМ ги постигна во првиот круг а кои, вели, дефинитивно ја потврдија стабилизацијата на гласачкото тели и станаа вистински показател дека политиките што ги водат се во вистинска насока. Истовремено се заблагодари и на коалициските партнери во власта – ВМРО-ДПМНЕ И ВРЕДИ.
„Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика, која наидува на сè поголема поддршка низ целата држава. Посебна благодарност упатувам и до пријателите од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја препознаа нашата искреност и визија, и застанаа рамо до рамо со нас. Ви благодарам за политичката зрелост и за поддршката во оваа заедничка борба за достоинствена, силна и обединета држава. Исто така, искрена благодарност до коалицијата ВРЕДИ, за поддршката и вербата дека само преку заедништво можеме да градиме држава во која има место за сите“, рече генералниот секретар на Движењето ЗНАМ.
Но, потенцираше Минчев, највредното од оваа кампања се средбите очи в очи со граѓаните. „Отворените врати, искрените насмевки и топлото добредојде што не пречека и што секојдневно го чувствувавме беше нашата најголема мотивација да истраеме и да покажеме што значи да се работи за народот и за државата“, порача Минчев, упатувајќи и посебна благодарност до активистите на Движењето ЗНАМ за несебичната пожртвуваност и поддршка и доверба во текот на сите пет недели од кампањата.
Македонија
67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец
 
														Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.
Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош. Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми.
Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти обвинителството.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											