Македонија
Една година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, превозникот нема да смее да вози патници четири години

Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу, доби една година и осум месеци казна затвор и глоба од 800.000 денари, а изречена беше и четиригодишна забрана за вршење меѓународен превоз на компанијата. Според судот, сопственикот и превозникот се виновни бидејќи немале извод од лиценцата што треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски, а границата се поминувала со лажен документ.
Според обвинението, Хаџиу како управител на фирмата „Беса транс БТБ“ ДООЕЛ Скопје од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти можности и слични околности, преку возачите што управувале автобус во сопственост на фирмата извршил повеќе временски поврзани дејства и употребувал лажна јавна исправа како вистинска – извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Пресудата се однесуваше на продолженото кривично дело фалсификување исправа, а не за причините за сообраќајната незгода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.