Црна хроника
Приведени крадци, од рудникот „Брод – Гнеотино“ на РЕК „Битола“ одзеле повеќе предмети

Вчера, во 21.45 чaсот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола ги лишиле од слобода 40-годишниот А. М. и 55-годишниот И. К., двајцата од Битола, извести МВР.
„Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба, при што од рудникот ‘Брод – Гнеотино’ на РЕК ‘Битола’ одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило ‘нисан’, во кое се превезувале, биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени

Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судрија трактори во Скопско: пет лица повредени

На 31.08.2025 во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани– с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт“, управуван од В.Р.(35) и трактор „имт“, управуван од М.Р.(31), двајцата од с.Љуботен, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Е.С.(46) од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со закани за животот, изнудил над 300.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.