Македонија
(Видео) Пендаровски ги прими акредитивните писма на новиот амбасадор на Исламската Република Пакистан, Модaсар Чаудри
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Модaсар Чаудри, новоименуваниот амбасадор на Исламската Република Пакистан во Република Северна Македонија со седиште во Софија.
Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма рече дека како одговорна членка на меѓународната заедница Република Северна Македонија придава значење на односите со сите држави за доброто на народите, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и за одржлив развој и економски просперитет. Во тој контекст претседателот Пендаровски ги нагласи интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно унапредување и развој на односите и соработката со Исламската Република Пакистан во сите домени од заеднички интерес како на билатерален така и на мултилатерален план.
Амбасадорот Модaсар Чаудри рече дека му претставува чест што е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Исламската Република Пакистан за Република Северна Македонија и изрази очекување дека пријателството што постои меѓу двете земји ќе продолжи и натаму да се развива и ќе достигне нови височини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

