Соопштенија
Честит 8 Март; Споделуваме моќни пораки за сите жени од жените на лидерски позиции
Помина уште една година и одново го празнуваме 8 март, Меѓународниот ден на жената, во кој ги славиме економските, политичките и општествените достигнувања на жените, во борбата за правата што се актуелни повеќе од сто години. Овој ден нè потсетува да изразиме благодарност и почит кон жените околу нас, што ги создаваат темелите на мудроста, правдата, креативноста и надежта.
Овие денови на Нептун Македонија, една од најголемите компании која вработува повеќе од 100 жени, а голем дел од нив на лидерски позиции, им го поставивме прашањето; Што би им порачале на жените? Во чест на сите силни жени, избравме некои од најинспиративните и најмудрите пораки од влијателните дами во оваа компанија на кои им се восхитуваме;
Александра Аргир, ХР Директор Нептун Македонија, ЕГМ, Сервис МК посочува дека најважна работа за секоја жена е да се почитува себеси, да не се плаши да ги рашири крилјата и да цели кон остварувањето на своите цели и сето она што ќе ја направи среќна. За секоја личност е важно да не се плаши да го кажува своето мислење, да стои исправено со крената глава пред предизвиците, да биде горда на себе, да биде свесна дека силата лежи во неа. Сето тоа ќе биде многу полесно доколку сите вложиме време и труд во нашето континуирано образование, учење низ работата и од грешките, упорноста, социјализацијата.
Се согласува и Лепа Петровска, Раководител на сектор за управување со производи; „И покрај верувањето дека живееме во свет во кој доминираат мажи, жените се одлични во преговорите и релациите, имаат изразена социјална интелигенција и можат да направат три работи истовремено. Не задржувајте жена ако наумила нешто“, додава таа низ насмевка.
Овие хероини се согласуваат дека темата за родовите аспекти на лидерството не треба да се отвора само за 8 март, но за среќа и во тој поглед има значителни исчекори кон подобро. Доказ за тоа е и Нептун Македонија, компанија која во секој домен од своето работење ги слави и охрабрува жените во сите нивни подвизи.
„Успехот на секоја жена треба да биде инспирација за друга, а не закана. Пресреќна сум што сум дел од охрабрувачко деловно опкружување, а околу мене се жени што се олицетворение на достоинство, грациозност, интелигенција и бестрашност“ – вели нашата соговорничка, Зорка Стојанова, Менаџер за лојална програма, финансирање и услуги.
„Огромна е честа да се биде во компанија со жени кои со својата работа придонесоа за обликување на нашиот бизнис каков што е тој денес. Опкружувањето со дами кои се издвојуваат по извонредност, истрајност и фанатична издржливост, ме охрабрува и мене да го давам најдоброто од себе секој ден“ – додава, Мери Костадинова, Раководител на оддел за сметководство.
Во контекст на овој убав ден, Нептун организира супер изненадувања, подароци и попусти за денот на жената на сите продажни локации ширум земјата со кои сака да ги израдува жените и да им приреди незаборавни мигови.
Нептун Македонија секојдневно ги истакнува профилите на успешните жени сакајќи да ја покаже нивната важност, користејќи ги нивните вештини, знаења и таленти што ќе послужат како инспирација за идната генерација на успешни и силни жени.
ПР Текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Наместо нови лица- стара банда, велат од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија, тврдат утрово од СДСМ преку соопштение до медиумите.
„Ги постави своите најблиски другари. Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.
Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски.
Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки.
Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.
ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.
Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.
Сега кругот е целосно затворен.
Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.
Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.
Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.
Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите.
Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ.
Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда“, стои во соопштенитео на СДСМ.
Соопштенија
Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, праша СДСМ
Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија, потсети утрово Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).
„И после цела недела нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога?“ параа од СДСМ.
Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина, во други институции, не може 5 тони да се шверцуваат, сметаат од СДСМ.
„Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е пред очите на јавноста. Молкот од власта е најсилна потврда.
Со медиумска кампања на заплени канабис власта дополнително се заплетка. Ако се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана тогаш што правела власта изминатите 2 години?
Кој го дозволил тоа? Кои се институции потфрлиле? МВР, Здравство, Земјоделие…?“, велат од СДСМ.
Партијата укажува дека има точно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис за што се надлежни повеќе институции и ако незаконски се произведени 40 тони бараат Владата да одговори кој ќе понесе одговорност од врвот на власта.
Соопштенија
„Гласаа против ’Безбеден град’, а сега бараат да се казнат тие со нерегистрирани возила и без возачка“, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лицемерие Филипче и СДСМ
„СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто. Тоа се потврди и овој пат со проектот ’Безбеден град’. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат“, реагираат утрово преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
„Изминатиов период јавноста беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.
Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.
А од друга страна, СДС и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.
Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Во периодот на власт на СДС и министерувањето на Филипче и Спасовски не се имплементираше ниту еден проект кој системски и на дигитален начин овозможува контрола и безбедност во сообраќајот, како „Безбеден град“, а со транспарентно санкционирање, намалување на сообраќајните прекршоци.
Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДС и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.
Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДС и Филипче.
Но, на СДС, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.
И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

