Свет
(Видео) Необичен објект снимен на небото над Оклахома
Во понеделникот ноќта над американската сојузна држава Оклахома е забележана малку необична глетка. На 4 март Стив Арагона бил надвор со своите деца и соседи кога забележал мистериозен објект на небото.
Тој го објави видеото на интернет. „Што е тоа“, се слуша како некој прашува. „Тоа е ѕвезда што паѓа“, рече едно дете. „Не, премногу бавно се движи. Види, се одвојува“, одговори друго лице. „Њуз 4“ го контактира Кен Карсон од Универзитетот во Оклахома и праша за што може да се работи.
„Изгледа како раздвојување на фази на ракета со погонувач. Потоа има еден вид експлозија на погонското гориво поради одвојувањето на првата фаза“, рече Карсон. На тој ден ‘Спејс икс’ лансира ракета од Флорида. Но, овде веројатно не се работи за тоа бидејќи лансирањето се случи во 17.56 часот, односно еден и пол час пред Арагона да го сними видеото.
Any guesses? UFO/UAP?
Happened Monday night, recorded in Oklahoma.
— Chill Savage (@SavageSpaceman_) March 8, 2024
Локалниот астроном Вејн Харис-Вирик изјави за „Њуз 4“ дека веројатно не е лансирање на „Спејс икс“.
„Ги погледнав сите лансирања на ‘Спејс икс’ и другите јавно објавени лансирања. Мислам дека тие лансираа некој вид таен воен лет или нешто од вселенската база Ванденберг“, рече Харис-Вирик.
Воздухопловната база Ванденберг се наоѓа во Калифорнија. Портпаролот за „Њуз 4“ изјави дека времето на нивното лансирање не се совпаѓа и ги упати новинарите во друга база на Вселенските сили во Флорида. Рекоа и дека тоа не е нивна ракета.
Сè уште има неколку опции имајќи предвид дека снимката навистина личи на ракетна фаза одвојување, што секогаш изгледа впечатливо и често се меша со НЛО. Тоа може да биде ракета лансирана од воздухопловната база Нелис во близина на Лас Вегас или од „Спејс икс“ во Кејп Канаверал. „Што и да е, мило ми е што луѓето таму гледаат во небото“, рече Карсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пукање во Мичиген: убиен 17-годишник, седуммина повредени
17-годишен тинејџер е убиен, а седум лица се повредени во пукотница што се случила во Лансинг во американската сојузна држава Мичиген, соопшти полицијата.
Полицијата Ленсинг реагирала на инцидентот што се случил во центарот на градот околу 2 часот и 50 минути по полноќ, се наведува во соопштението, пренесе „УСА Тудеј“.
Кога полицајците пристигнале, пронашле голем број луѓе и повеќе жртви од огнено оружје, соопшти полицијата. Противпожарната служба Ленсинг реагираше и пренесе неколку повредени во локалната болница.
Полицијата соопшти дека седум лица на возраст меѓу 15 и 20 години се здобиле со прострелни рани, а 17-годишен тинејџер починал во локалната болница.
Најмалку едно лице е во критична состојба, се вели во соопштението.
Истрагата за инцидентот е во тек, соопшти полицијата.
Свет
(Видео) На авион му откажал моторот, пилотот спречил трагедија во Австралија
Драматично видео е снимено во Австралија, а го прикажува моментот кога на помал авион му откажал моторот, а пилотот со чудесен маневар ја избегнал трагедијата.
Инцидентот се случил во Нов Јужен Велс, додека авионот принудно слетал на аеродромот Бенкстаун.
„Помош, имаме проблем со моторот“, рекол пилотот преку радио.
„Примено, доаѓа помош. Сите писти ќе бидат достапни“, одговориле од контролната кула.
Хеликоптерот ја изгубил висината, и ги избегнал покривите на куќите, врвовите на дрвјата и зградата на аеродромот.
Пред да застане на тревата, лизгал неколку метри по асфалтот, пренесува „News.com.au“.
Аеродромските служби и итните служби брзо реагирале, а е снимен моментот кога пилотот и копилотот неповредени излегле од кабината.
Детална истрага за инцидентот ќе врши Дирекцијата за безбедност на цивилното воздухопловство.
Свет
Кинеската индустрија ќе бара проверка на увозот на свинско месо од ЕУ
Кинеските компании имаат намера да побараат од владата антидампинг истрага за увоз на некои свински производи од Европската унија, пишува државниот „Глобал Тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор од деловни кругови.
Извештајот е објавен на платформата Х и во онлајн изданието, без да се наведат детали, пишувааљт медиумите во регионот.
Информациите на изворот за барањето антидампинг давачки за увоз на свинско месо од ЕУ се совпаднаа со зголемените трговски тензии меѓу Европската унија и Кина. ЕУ отвори истрага за увоз на повеќе производи од Кина за да ја заштити домашната индустрија, користејќи за првпат овластувања за проверка на кинеските тендери.
Брисел на тој начин го подготвува теренот за ретроактивни царини за кинеските електрични автомобили, а исто така го проверува увозот на соларни панели и производи од челик, пиѓува медиумот.
Лиу Бин, главен експерт на кинескиот центар за автомобилска технологија и истражување (CATARC) и заменик-директор на Кинескиот истражувачки центар за автомобилска стратегија и политика, изјави за „Global Times“ минатата недела дека Кина треба да ги зголеми тарифите за увоз на големи автомобили од 15 на 25 проценти.