Македонија
Мицкоски: Огромна благодарност до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што се донесе изборниот законик и над 100 илјади граѓани сега ќе можат слободно да излезат на избори и да гласаат

При денешната посета на Виена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изборите и тоа што постоеше можност околу 100 илјади граѓани да не гласаат воопшто бидејќи имаат не важечки документи истакна дека на иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и претходните предупредувања на министерот Тошковски се донесе изборниот законик и на 100 илјади граѓани им се овозможи уставно гарантираното право да гласаат на парламентарните и претседателските избори.
„Најпрво дозволете да го изразам моето задоволство што конечно нешто што можеше да биде проблем во изборниот процес нема да биде проблем, и тоа огромна благодарност на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во рамките на парламентот што жестоко се бореше изминатите недели и месеци би рекол за да можеме да дојдеме до оваа ситуација во која што дојдовме, да се усвои изборниот законик, а со усвојувањето на изборниот законик практично на сите оние граѓани во Македонија кои што немаат нови документи да имаат можност на следните парламентарни и претседателски избори, да учествуваат, впрочем тоа е и основното уставно право, дека секој граѓанин на Македонија секој оној кој што е државјанин на Македонија има уставно загарантирано право да учествува во изборен процес. Огромна честитка и благодарност до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и сега сите оние 100 илјади граѓани за кои што министерот Тошковски претходно предупреди сега ќе можат слободно да излезат на избори и на еден слободен начин да ја изразат својата волја, нема да зборувам за опструкциите кои што се случуваа за време на тие преговори од страна на коалицијата СДСМ и ДУИ тоа ќе го оставам во некои други времиња, а сега да гледаме позитивно на сето ова, да се бориме за Македонија секаде каде што можеме, нив да ги оставиме во нивната темна, мрачна, црна, ад хомине кампања, а ние да направиме нешто што можеме повеќе само за да Македонија може да има една светла иднина, предвидлива иднина и перспектива за младите луѓе“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.