Црна хроника
Седуммина уапсени во Велес поради поседување и продавање дрога

На 08.03.2024 полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР-Велес ги лишиле од слобода К.Ѓ.(22), Л.Б.(19), В.М.(31), Љ.В.(37), М.Ѓ.(29), И.В.(32) и Љ.О.(25) сите од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и таблета, а И.В. и Љ.О. биле затекнати како продаваат дрога на лица од Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две деца од 12 години и еден 14-годишник фатени во центарот на Скопје при кражба

Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје.
Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
30-дневен притвор за две лица од Кочани: кај нив е пронајдена дрога

На 16.09.2025 во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани.
При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени.
Известен е јавен обвинител и двајцата се изведенни пред судија на претходна постапка, кој им определи мерка притвор од 30 дена, по што се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.
Црна хроника
Уапсени двајца Германци на Табановце, во нивните возила е пронајдена дрога

Вчера во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија.
Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка.
Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.
Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.