Македонија
Конвенција на ДУИ во СРЦ „Кале“: Промоција на претседателскиот кандидат Бујар Османи
Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва го промовира претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Конвенцијата се одржува во Спортско-рекреативниот центар (СРЦ) „Кале”, под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“.
Присуствуваа жпретседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и други високи партиски членови и функционери, меѓу кои Талат Џафери, Теута Арифи, Арбр Адеми, Артан Груби…
Според Државната изборна комисија (ДИК), Османи ги собра потребните 10 000 потписи од граѓаните заклучно со 26 февруари годинава. За него до 20 часот тој ден се потпишале 10 528 граѓани. Податоците на ДИК од 7 март до 20 часот покажуваат дека Османи има собрано 11.085 потписи.
Информацијата дека Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ на претстојните избори ја соопшти партискиот лидер Али Ахмети од седиштето во Мала Речица.
Министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Османи, најави дека меѓу темите на неговата кампања ќе бидат уставните измени за впишување на Бугарите и изборот на претседател на државата во Собранието. Тој очекува влез во вториот круг. Својата програма, како што рече, ја работел со домашни и меѓународни експерти, како претседателски кандидат ќе има своја веб страница и ќе им се обраќа на сите граѓани без оглед на етничката припадност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

