Забава
(Видео) Се појави снимка зад сцената: познатиот актер сепак не беше потполно гол на „Оскарите“

Што би се видело ако пликот му испаднеше од рацете? Џон Сина имаше и резервна варијанта за такво сценарио.
Познатиот американски кечер се пресели во холивудските води, а сега реши да направи вистинско шоу.
На доделувањето на „Оскарите“ се појави речиси целосно гол. Најпрвин се чинеше дека е гол, а потоа се појави фотографија како изгледа неговата „облека“.
Behind the scenes of John Cena presenting at the #Oscars pic.twitter.com/d7doV5EOVu
— gomezgalore (@gomezzgalore) March 11, 2024
Тој, всушност, имал парче ткаенина залепено со селотејп напред и дел од задната страна во случај да има гаф на сцената. Тоа е всушност modesty pouch, што ја користат актерите при снимањето љубовни сцени.
@JohnCena naked #Oscars2024
Illuminati demands publicly. Imagine what demands behind the scenesDon’t wanna think about his fan base.poor kids pic.twitter.com/Hg7vnAncah
— 𝐯𝐮𝐲𝐨𝐬𝐢𝐦𝐚𝐰𝐨 (@vuyosimawo_) March 11, 2024
Сега се појави фотографија, но и снимка што не се виде во самото емитување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Паста диета: можете да изгубите 3 килограми за само 5 дена

Диетата со шпагети трае само пет дена и ви овозможува да изгубите до три килограми. Кога избирате тестенини, обидете се да ги изберете оние од цело зрно, кои се особено богати со хранливи материи и витамини.
Ден 1.
Појадок: парче леб намачкано со крем сирење, украсено со киви одозгора.
Ручек: варени шпагети (70 г), за сосот користете половина кромид, 2 домати и 150 грама печурки на пареа и зачинете сè со лута пиперка.
Вечера: тестенини (70 г), пиперка (3 парчиња), 2 домати и малку рендано сирење.
Ден 2.
Појадок: чаша јогурт (1,5% масленост) со две лажици овесни снегулки и половина јаболко.
Ручек: сварете 70 грама тестенини, со 1 лажица доматен сос и тиквички.
Вечера: топли тестенини (40 г), 1 домат, маслинки, 3 млади кромиди и 40 г сирење. Зачинете со маслиново масло и сок од лимон.
Ден 3.
Појадок: овошна салата од мандарина, 1/2 јаболко, киви и 1/4 банана.
Ручек: шпагети (70 г), сос од 3-4 домати, грашок и 1 морков.
Вечера: 70 г сварени тестенини со сос (2 лажици доматно пире и малку кромид).
Ден 4.
Појадок: тост со сирење и парче киви.
Ручек: сварете 70 грама тестенини, послужете со 150 г варен зеленчук (грав, моркови, грашок, карфиол). Посипете со рендано сирење.
Вечера: шпагети (70 г), 1 краставица, портокал за десерт.
Ден 5.
Појадок: јогурт и јаболко.
Ручек: Сварете тестенини (70 г), додадете малку брокула (150 г), додадете рендано сирење, лук и пипер.
Вечера: 40 г тестенини со сирење, 4 маслинки и домати. Зачинете со 1 лажичка маслиново масло, сок од лимон и пипер.
Забава
(Фото) Се соблече гола за својот 60-ти роденден: „Вљубена сум“

Актерката и модел Елизабет Харли го прослави својот 60-ти роденден на 10 јуни и ги воодушеви своите обожаватели со неочекувана фотографија од неа – целосно гола.
Британската заводничка, која на 59 години беше прогласена за најсекси жена на светот, а воедно ја носи и титулата кралица на бикини, објави фотографија во топлес на својот роденден, заедно со тоа што му кажа на светот дека е вљубена.
„Среќен роденден! Оваа година веќе беше лудо возење. И… јас сум вљубена. Се чувствувам толку благословена и благодарна што ги имам најдобрите пријатели и семејство на светот. Фотографијата е направена денес попладне… во мојата роденденска облека“, напиша Елизабет Харли.
На фотографијата што го направи машкиот пол најсреќен, а воедно предизвика и возбуда на Инстаграм, таа позира седејќи на тревата со скрстени нозе, така што иако е целосно гола – ништо не се гледа. Широката насмевка на нејзиното лице кажува колку е среќна, а објавата ја коментираше и нејзиниот нов партнер Били Реј Сајрус, кој кратко напиша: „Те сакам“.
Тој објави нивна заедничка фотографија на својот профил со пораката: „Среќен роденден на љубовта на мојот живот“.
Забава
Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот – една намирница што сите ја сакаме

Летото речиси започна, иако можеби не според календарот, но сме сведоци на жештините, па затоа е крајно време да се подготвиме за морето и новата сезона на бикини. Сепак, тие фрустрирачки наслаги околу стомакот едноставно не ве напуштаат? Не очајувајте, постои едноставно решение за тоа.
Нутриционистката Роксана Ехсани ја откри тајната за витка фигура: обичен, обезмастен грчки јогурт.
Висцералните масти, кои се акумулираат длабоко во стомакот, можеби се невидливи однадвор, но имаат сериозни здравствени последици. Го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и други сериозни состојби. Но, и за тоа постои решение – променете ја исхраната.
Додадете обичен, обезмастен грчки јогурт во вашата исхрана. Студиите покажаа дека исхраната богата со протеини, калциум и витамин Д може да ги намали висцералните масти.
Грчкиот јогурт е богат со протеини, што ви помага да се чувствувате сити и спречува прејадување. Исто така, содржи пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата.
Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот.