Македонија
„И Пецаков и СДС молчат пред дивеењето на Нефи Усеини од ДУИ“, велат од партијата Левица
„Ова е историската куќа во Охрид, каде Нефи Усеини ја гради својата дивоградба и насилнички ја тргна антифашистичката табла за осудените борци на НОБ. Веќе трет ден Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид молчи за отстранетата плоча која се однесува на бугарскиот фашистички окупатор. Пецаков молчи со месеци пред дивеењето на Нефи, кој го уништи ликот на оваа куќа од историско значење. Вака ли ДПМНЕ ја штити антифашистичката историја на македонскиот народ“, прашуваат од партијата Левица.
„За потсетување: Националната установа Завод и Музеј нема дадено позитивно мислење за терасите и доградбите кои се дивоградби;
Општината нема дадено решение; Градежниот инспектор во август донел Решение за отстранување на доградбите, а инвеститорот Нефи ја отстранил жолтата лента и продолжил со градбата;
ОЈО отворило истражна постапка, но уште нема во јавност информација дали е поднесен обвинителен акт за бесправно градење?!
Осум месеци ниту МВР, ниту ОЈО, ниту Пецаков, ниту Министерство за култура не може да го спречи Нефи Усеини од ДУИ во уништувањето на еден историски споменик од антифашистичката борба! Додека беседат за европска иднина и колку се посветени на патот за ЕУ, буквално една тераса не можат да рушат.
Нели Пецаков ветуваше дека ќе стави крај на дивеењето на познатиот локален шериф? Прашањето е едноставно: за колку пари е купен молкот“, велат од партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на патот с.Лисец – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен ветер ја зафати Битола: на неколку локации предизвикани штети
Силен ветер попладнево ја зафати Битола, според објавија надлежните во овој град.
Ветерот според информациите предизвикал штети на неколку локации.
„Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, постојано се на терен, по силниот ветер кој денес ја зафати Битола и сеуште предизвикува штети на повеќе локации.
Екипите дејствуваат координирано на повеќе места, а ќе останат на терен се до расчистување на сите локации“, соопштија од општинската управа.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска: единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.
Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.