Македонија
Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев, денеска во Кочани го посетија семејството Грозданов на кое му беше доделен социјален стан од страна на Комисијата за станбени прашања при Владата.
При посетата, министерот потенцираше дека по запознавање со целиот случај и обезбедување на целокупната документација од страна на надлежните служби, Владата преку Комисијата за станбени прашања на семејството Грозданов му е доделен социјален стан.
Ова е дел од процесот на решавање на ранливите категории граѓани преку обезбедување на пристојно живеалиште, истакна Бочварски.
“ Подавањето рака е наша обврска и токму овој случај е пример за тоа како треба да реагираат институциите. Ние сме социјална држава и јас силно верувам во вредностите на хуманоста. Откако мојот кабинет дозна за случајот и по прибирање на целокупната документација од сите надлежни служби, Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, во месец јануари додели социјален стан за семејството Грозданов. Денеска со директорот сме присутни во Кочани, остваривме средба со Даниел, разговаравме за неговиот случај и стоиме целосно на располагање за да обезбедиме проистоен живот за неговото семејство. Ова е една акција на целото општество со која овозможивме да решиме само еден проблем, но значаен за сите нас,“ изјави министерот Бочварски.
Семејството Грозданов брои шест члена од кои четири малолетни деца.
„По објавување на сторијата за ова семејство, ние како акционерско друштво стапивме во контакт со Центрот за социјални работи и Комисијата за што поскоро ова семејство да добие кров над главата. Со тоа докажуваме дека основната дејност на нашата фирма и приоритет е грижа за сите социјални категории граѓани”, изјави директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, Зоран Ѓоргијев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

