Македонија
Османи: Стариот го поништивме и отворивме нов конкурс за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка
Во својство на Претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Северна Македонија иницира нов повик за избор на Генерален секретар на Советот за регионална соработка поради недостиг на консензус во последниве две години за пријавените кандидати, на последниот повик.
За таа цел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи испрати писмо до Министрите за надворешни работи на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа со што ги информираше дека се поништува претходниот конкурс и дека се отвора нов, на кој, учесниците на Процесот, можат да пријават кандидатури.
„Како Претседавач на оваа иницијатива, донесов одлука да се поништи досегашниот процес на компетиција или на конкурс за избор на Генерален секретар којшто ние го наследивме од двете претходни претседавање (…) Затоа донесовме одлука да се објави нов конкурс за избор на Генерален секретар во којшто Северна Македонија ќе има свој кандидат, за прв пат, со голема амбиција” рече Османи на денешната прес конференција.
Изборот на раководни позиции на важни регионални иницијативи, во последниве години, се покажа како доста тежок процес. Со цел да направи обид за деблокирање на тој процес, како што истакна министерот Османи, предлогот од наша страна е преминување во процес на ротирачко претседавање согласно првата буква на држава или главен град. Првата буква да биде избрана на ждрепка, а потоа ротирачки по азбучен ред за избор мандат по мандат, со што би се овозможиле еднакви можности за сите учесници да бидат дел од „кормилото“ на Регионалните иницијативи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

