Македонија
(Видео) Калевска-Ванчева: Додека СДСМ ги покачува пензиите, ДПМНЕ и Силјановска ги навредуваат пензионерите
Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, ДПМНЕ и Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу, кажа денеска на прес-конференција Снежана Калевска – Ванчева, пратеничка на СДСМ.
Таа вели дека ваков однос кон пензионерите е несоодветен и според неа, Силјановска треба да им се извини.
„За жал, кандидатката на опозициската партија, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ. На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на белата палата, нов партиски послушник. Не ни треба реприза на Иванов, не ни трева уште една деценија да изгубиме заглавени на патот кон Брисел. Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа ќе излезат на избори и ќе изберат европска иднина со СДСМ и Пендаровски. Ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација и враќање назад“, кажа Калевска-Ванчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Беким Сали на лидерски состанок во Давос
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе учествува на Лидерскиот состанок (Davos Leadership Gathering), кој ќе се одржи во Давос, во периодот од 19 до 22 јануари.
Лидерскиот состанок во Давос ќе собере светски лидери, економисти, банкари и експерти од различни области, со цел дискусија за глобалните предизвици и меѓународните економски развои.
Првиот заменик-претседател ќе се обрати на форумот во рамки на панел-дискусија, на која ќе се разговара за климатските промени, конфликтите и социјалната грижа.
Македонија
СДСМ: Десет години по заминувањето на Груевски, повторно сме во истата ситуација со ВМРО-ДПМНЕ
Овој јануари се навршуваат точно 10 години откако Никола Груевски ја напушти премиерската функција, но според СДСМ, државата повторно се соочува со истите проблеми под актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.
Во соопштението на партијата се наведува дека по заминувањето на Груевски започнал крајот на режимот што 11 години ја влечел Македонија назад, со масовен криминал, корупција, партизација, медиумски притисоци и изолација. Но, според СДСМ, денес, по две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, земјата повторно се наоѓа на исто место.
„Повторно сме на пат кон изолација, далеку од ЕУ и САД, граѓаните тешко живеат, стандардот опаѓа, институциите се под партиска контрола, а криминалот и корупцијата цветаат“, стои во соопштението.
Партијата нагласува дека пари нема за поголеми плати, но има за криминални тендери, а се повторуваат и притисоци врз медиуми, јавен линч и политички прогони, како и злоупотреба на полицијата за партиски цели.
„На исто сме со ВМРО, само што денес на местото на Груевски е Христијан Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ, со повик дека е време власта повторно да се врати во рацете на народот.
Македонија
Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна
Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана.
Пациентот бил донесен со развиена масивна пневмонија и акутен респираторен дистрес синдром.
Не бил вакциниран за сезонски грип, иако бил во групата на пациенти што требало да примат сезонска вакцина. Имал претходни белодробни заболувања.
Ова е втор смртен случај поврзан со грип оваа сезона, откако претходно почина 75-годишна жена.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 30-ина лица со грип, од кои еден е во потешка состојба и е приклучен на механичка поддршка.

