Македонија
Трипуновски: Земјоделците од Радовиш повторно ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово
„Се соочуваме со сериозна криза во управувањето со водните ресурси, исклучително важни за земјоделското производство. Катастрофалното менаџирање на браната Мантово од страна на АД Водостопанство ја доведува до знак прашалник новата производна сезона за земјоделците од Радовишкото Поле“, вели дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.
„Браната Мантово, со својот капацитет од 49,5 милиони м3 вода, треба да обезбеди најмалку 6 милиони м3 за наводнување на земјоделските површини, но во овој момент сме далеку од таа количина и земјоделците имаат на располагање околу 2.6 милиони м3 вода што сериозно го загрозува производството и егзистенцијата на земјоделците од овој регион.
Затворачот на браната Мантово со години беше оставен без потребниот и редовен сервис и заради неажурноста на АД Водостопанство не се санираше виталниот дел на браната, и дополнително неконтролираното испуштање на вода денес донесе браната Мантово да биде скоро на својот биолошки минимум.
Време е за одговорност и заштита на нашите водни ресурси и одржливост на земјоделското производство. Не смееме да дозволиме заради неажурноста на власта и претпријатието да трпат македонските земјоделците“, вели Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.